Без струја цело црногорско крајбрежје


Дел од Подгорица и целото црногорско крајбрежје останаа без струја денеска околу 15 часот. Причина е дефект во електричната мрежа поради преоптовареност, соопштија од црногорскиот електропреносен систем (CGES).

Со оглед на високите температури дошло до нагло зголемување на потрошувачката која довела до целосен колапс на мрежата во тој дел.

Температурата во Црна Гора го достигна 40 степен и се зголемила употребата на клима уредите. Оваа потрошувачка неможела да ја издржи електричната мрежа на приморјето. Засега туристите и локалните жители се без електрична енергија повеќе од 5 часа. Проблем имаат и хотелите и рестораните во овие места бидејќи поради недостатокот на струја се ризикува да се расипе храната која ја имаат складирано.

Екипите на CGES се на терен и се обидуваат да воспостават повторно напон во местата кој се сега без струја.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1