Болницата Папаниколау не дава информации за пациенти – Владата чека официјална потврда за смртта на Александар Самарџиев


MKnews.MK од вчера е во обид да добие официјална потврда за информацијата. Во амбасадата во Атина на фиксниот телефон никој не се јавува, а мобилниот телефон од нашиот конзул до кој дојдовме е недостапен засега.

Стапивме во контакт и со Главната болница во Солун ,,Г. Папаниколау“  каде наводно Александар бил хоспитализиран и им подлегнал на повредите, но оттаму ни кажаа дека информации за пациенти не даваат. И ниту потврдуваат, ниту демантираат дали имале пациент со име Александар Самарџиев ( додуша не ни проверија туку како од пушка ни одговорија дека не даваат информации за пациенти и тоа е политика на болницата) не препратија да се јавиме на друг број, кај официјални лица – но на бројот кој ни го дадоа, врската воопшто не можеше да се воспостави.  Се обидуваме и понатаму.

За наводната смрт на Македонец во Солун се огласи и Владата. Во истиот момент кога ќе имаме официјална потвра за случајот со наводното убиство на Александар Самарџиев од страна на припадници на неофашистичката партија во Грција „Златна Зора“, Владата ќе излезе со реакција за целиот настан“, денеска пренесе портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.

Згрозени сме од она што го слушнавме во текот на изминиот ден од пласираното во јавноста. Но, во овој момент се уште нема официјална потврда за тие информации, изјави на денешната прес-конференција Ѓорѓиев.

Преку дипломатски механизми се преземени сите потребни чекори и веднаш по добиените точни информации јавноста ќе биде благовремено информирана.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1