Снимките од пилотот во последните моменти од животот се продавале од 20 до 500 евра


Работници од локална фабрика во Нова Пазова, место каде што пред три дена се сруши воен авион на Србија, се обидуваа да го изгаснат пожарот со цел лекарите да стигнат за да му помогнат на повредениот пилот Горан Савиќ.

Истовремено случајните минувачи и љубопитни луѓе, на улицата крал Петар, со своите мобилни телефони снимале и го фотографирале авионот и воениот хеликоптер кој пристигнал до местото на несреќата за да го пренесе пилотот во болница.

Откако го извадиле телото на мајорот Горан Савиќ, полицијата ја блокирала цела улица и забранила влез за новинарите и фоторепортерите до местото на падот на авионот.

Во тој момент тамошните жители почнаа да тргуваат со своите „ексклузивни материјали“. Снимките и фотографиите ги продавале како на пазар.
Снимката на авионот во пламен и транспортот на пилотот во болница, кој бил емитуван на јавниот сервис, РТС го платил 25,000 динари.
„Ако ја сакате снимката, повикајте луѓе од редакцијата и соопштете им да ми платат 500 евра. Ја имам снимката од целосниот настан, со висока резолуција и можете добро да ја искористите. Ако не сакате, ми јавија некои од другите телевизии“, изјавил авторот на снимката, ценкајки се со новинарот на националната телевизија.


По се изгледа мештаните се имале поделено. Едно снимките им ги нуделе на телевизиските екипи, другите своите фотографии на печатените медиуми. За фотографијата како пилотот бил пренесен со носилки, граѓаните барале од 30 до 50 евра. Но, тука не бил крајот. Тие продолжиле да наплаќаат и за изјави за целиот настан. За изјавите тарифата се движела од 20 до 50 евра.
Дел од социолозите ваквото однесување го сметаат за срамно.

„Ако некој трча по новинарите и им нуди експлицитни сцени од несреќата, односно сака да заработи на ваквата трагедија, мораме да се запрашаме во каква средина живееме. Тоа значи дека се пореметени сите системски вредности. Некои од луѓето поради тешката материјална состојба, не бира средства за да заработи. Изгледа дека зборот хуманост го изгубил значењето во Србија“, велат социолозите.

Затоа што Горан Савиќ го загубил животот спасувајќи деца, голем дел од медиумите во Србија, предложиле улицата на која се срушил неговиот авион да го носи неговото име.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1