Братучетките Драгослава (9) и Драгана (7) мали магнети


Дејвочињата од селото Мали Кривељ, во близина на Бор, имаат невообичаена моќ. Деветгодишната Драгана Милошевиќ и нејзината две години помлада братучетка, од нејзината текта Драгослава Грујиќ, со нивните тела можат да привлекуваат метал како магнетот.


За откриената моќ двете девојчиња откриле додека си играле во песокот во дворот, каде што го поминувале распустот.
„Си игравме во песокот, правевме ручек. Во еден момент приметив дека лажичките со кои што си играв, ми се залепуваат за телото. Тоа го проба и мојата братучетка. И за нејзе се залепија. Подоцна се им кажавме на нашите родители“, изјавила деветгодишната Драгана.

Нивнината прабаба, Јована Лучановиќ, не памети дека во селото се случило нешто такво.
„Во своите 80 години ниту сум слушнала, ниту сум видела вакво нешто. Единствено кај моите внуки кои што си играа во дворот на семејната куќа. Не верував дека вавко нешто постои“, изјавила Лучановиќ.
Тања Грујиќ, мајката на малата Драгослава, изјавила дека таа и сопругот не се загрижени за здравјето на децата.

„Докторите ни рекоа дека ова не е ништо необично и дека вакви случаеви имало и порано. Во моментов не се грижиме, но за понатаму ќе видиме“, изјавила Тања.

Таа изјавила дека најпрвин помислила дека тоа било некоја детска игра или лоша шега на нејзиниот сопруг.
„Се обидовме виљушките и ножевите да ги залепиме и на нашите тела. Меѓутоа безуспешно. Дури тогаш свативме дека не станува збор за шега, туку за вистина“, раскажува Тања.

Сопругот Ненад Грујиќ, работник на комбинатот на бакар во Бор, изјавил дека бил изненаден кога видел како реагира металот кога ќе се спои со телата на децата.
„Испаднав јас главниот виновник“, во шала изјавил Ненад.


„Од сопругата дознав дека нешто необичо се случува во нашиот двор. Не знам кога започнаа да го прават ова, но и јас се уверив дека металните предмети, прсто се лепат по нивните тела. Покасно им се фалеа на гостите со нашиот прибор, за нивните невообичаени моќи“, вели Ненад.

Драгана и Драгослава се одлични ученички. Драгана во есен ќе стане четвртооделенка во основното школо Вук Караџиќ, во Бор, а Драгослава се подготвува за второ оделение.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1