Британец плаќал на родители за да им ги пипка децата – за пари и храна го преставувале како ,, добриот чичко,,


Џорџ Чарлс Стеитс 67 годишен е уапсен во Варна, Бугарија. Џорџ е од Англија, а по него имало европска потерница – Се барал за педофилија.

Тој бил баран во Британија каде му се заканува 10 годишна казна затвор откако полицијата открила дека од 2005 до 2010 година плаќал на сиромашни родители за да ги пипка нивните деца. Гнасниот чин и го снимал, полицијата пронашла во неговиот компјутер порнографски снимки со неколку дечиња.

Полицијата го уапсила, но бил пуштен да се брани од слобода со кауција. Пребегал во Бугарија и тоа во познатите летни дестинации. Последна адреса му била на улица “Струма” во Варна, каде е и уапсен, пренесува бугарската агенција Блиц.

При претресот одземени му се компјутер, надворешен хард диск, 2 флеш-мемории, дигитален фото апарат и документи. За сега не се откриени детали дали Британецот злоставувал дечиња во Бугарија. Бугарија ќе го задржи во притвор се до неговото екстрадирање.

Бугарија денеска ја потресе уште една информација врзана со педофилите. “Добриот чичко”, педофилот кој давал пари на родителите, за да ги пипка и снима децата бил пуштен со кауција од судот во Велико Трново. Повторно станува збор за англичанец Пол Реноф. Тој беше уапсен пред 4 месеци за блуд врз две бугарски деца. За време на апсењето бил фатен на дело со една од жртвите.

Скандалозно е што овој педофил блудните дејства ги извршувал со знаење и одобрување од родителите. Имено тој наоѓал сиромашни семејства, им давал пари, храна и облека, а во замена барал да може да минува по неколку часа со малолетните деца.

Едното семејство било од местото Стамболов. Сиромашните Роми, кои живеат од социјална помош добивале од англичанецот пари за да ги продаваат телата на своите деца. Злоставуваните момчиња биле на возраст од 11 и 12 години.

За да заминат со педофилот родителите на децата им го преставиле како “добриот чичко”. Британецот живеел две години во Бугарија. Во минатото бил осуден за блуд со деца и одлежал три години во затвор во Англија.

Сега е пуштен од притвор со кауција, но не смее да го напушти градот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1