Бронзениот олимписки медал не вреди ни 5 пари !!!!


Да се освои медал на Олимписките игри, макар и оној со најмал сјај, бронзата, е нешто што е од непроценлива вредност за секој спортист. Но, по се изгледа освен емотивноста на моментот, во пазарна смисла, ваквиот предмет не вреди многу на светскиот пазар. Вредноста на бронзениот медал е ни повеќе ни помалку, туку точно три фунти.


Вредноста на медалите кои што се делат на Олимписките игри во Лондон, односно материјалите од кои што се направени, ги истражи англискиот Дејли Мејл.

Во очи особено паѓаат малите вредности на бронзените медали, кои содржат 97 % бакар и 3% цинк.
„Бакарот би требало да има поголема вредност како материјал чија што вредност на светските пазари неодамна порасна. Толку порасна што се чини дека ниту британските леарници, повеќе не им е исплатливо да ги прозиведуваат паричките од едно или две пени. Нивната вредност е премала за оваа суровина“, објаснува лондонскиот златар Дан Кохен.

Далеку повредни, во смисла на нивната вредност на светскиот пазар, се златниот и сребрениот медал. Златниот медал има само 1 % материјал чисто злато, останатото е мешавина на сребро и бакар и вреди 644 фунти. Сребрениот медал пак во себе го нема тој 1 % златен материјал, наместо него има нешто повеќе бакар. Медалите кои што се делат на спортистите во Лондон се тешки 0,4 килограми. Со промена од 7,5 сантиметри се најголемите во историјата на Летните олимписки игри. Ги дизајнирал уметникот Дејвид Ваткинс, а за време на Олимпијадата и параолимписките натпреварувања во Лондон, ќе се поделат повеќе од 4700.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1