Archive | Балкан RSS feed for this section

“Мојот син нема ни гроб за да го посетиме” – потресна исповед на семејство

Олгица и Јован Томиќ од Србија се скршени од болка, бидејќи како што велат го загубиле синот единец, а сега тој нема ни гроб за да одат и да го посетат кога веќе ништо друго не им преостанува. Како што пренесува српскиот Ало, тие веќе повеќе од еден месец чекаат да ги добијат посмртните останки […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриена најголемата тајна на Југославија: Тито не бил во ковчегот

Од медицински и хигиенски причини било одлучено погребот да се изврши без неговото тело. Погребот на Јосип Борз Тито, на 8 мај 1980 година, не можел да помине без некоја местенка на Службата за државна безбедност, а според трдењата на Обрен Ѓорѓеиќ, некогашен началник на СДБ на Србија, во кочегот прекриен со знамето на СФРЈ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Мистериозен тунел откриен под Нови Сад

Во тек на изведување на градежни работи заради изградба на топловод во улицата „Иво Андриќ“ во Нови Сад, е откриен тунел Како што јави српското Радио 021, многумина во прв момент помислиле дека станува збор за легендарниот подземен премин што ги спојувал Петроварадинската тврдина со бачката страна на Нови Сад. Но, тамошните експерти тврделе дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Метеор падна во Јадранско море

Метеорот во земјината атмосфера влетал со брзина од најмалку 40 км на час; експлодирал на висина од 67 км, за потоа да експлодира уште четири пати и да згасне Силен удар се почувствувал на Истра, но посилно се почувствувало на италијанскиот брег. Хрватските медиуми го пренесуваат астрономот Корадо корлевиќ, кој пренесува очевидци од Пореч. Сепак […]

______________________________________________________________________________________________________

Босански хумор на изборите: Се гласало и за Шерлок Холмс, Ивица Осим и Хидо Јамазаки

Многумина граѓаните на Босна и Хецеговина оваа година решија да ја исполнат својата граѓанска должност и да излезат на денешните избори, но наместо да гласаат за понудените кандидати, одлучиле да покажат духовитост. Некои од нив допишувале имиња на „свои кандидати“, како што се на пример Шерлок Холмс, Ивица Осим или јапонскиот амбасадор во БиХ, Хидо […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж и жена од Србија смениле вера и заминале во џихад – сеат смрт во Сирија

Сопружници од Србија сеат смрт во Сирија, борејќи се на страната на џихадистите. Четириесет и осумгодишниот поранешен српски офицер Горан Павловиќ и неговата сопруга Мирјана (46) се борат на фронтот во Сирија од страната на Исламската држава.Според српските медиуми, Павловиќ во Сирија е подолго време, каде што се бори под името Абдула Џебел. Неговата сопруга […]

______________________________________________________________________________________________________

Исповед: Бугарка се спасила од трговија со луѓе во Македонија – ја продале близу Охрид

Во 1999 година таа беше младо девојче кое влезе во каналите на трговијата со луѓе со желба да си купи поубава облека. Но, таа желба ја внесе во меѓународен канал на размена на трговија со жени за сексуална експлоатација, го пренесува интервјуто на Светла бугарскиот весник „24 часа“. „Пријатели ми понудија пари, ме однесоа во […]

______________________________________________________________________________________________________

Судот пресуди: Граѓани ќе си добијат по 2000 евра зошто се лизнале на неисчистен снег

Судот во Сплит донесе одлука градската управа на двајца граѓани да им исплати по 15.000 куни (околу 120.000 денари) бидејќи во 2002 година паднале и се повредиле на замрзнатите градските улици. Судот пресудил дека градот има обврска да ги исчисти улиците од снег и мраз, па оттука, тој е одговорен за повредите на овие граѓани, […]

______________________________________________________________________________________________________

16 годишните босанки се бремени – Џихадот беше грешка, бремени сме и сакаме дома

Во април оваа година две тинејџерки од Виена побегнаа од своите куќи и отидоа во Сирија во “света војна”. Зад себе оставија порака “Не не барајте. Ќе му служиме на Алах и ќе умреме за него”. Сабина Селимовиќ и Самра Кесиновиќ се омажиле за џихадистичките борци и останале трудни. Но животот во калифатот сепак не […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавена снимка од страшната трагедија: Се заби директно во земја со авионот во Нови Сад

Авионот, кој бил во сопственост на фирма на бизнисменот, учествувал во церемонијата за отворање на приватен аеродром во местото Бачки Јарак во Нови Сад. Според изјавите на очевидци авионот на висина од околу 100 метри почнал да паѓа и завршил во поле со пченка. При падот се запалил, а огнот ја зафатил кабината и моторот […]

______________________________________________________________________________________________________

СМС пораки со „Побарај ме. Ова е итно“ прават високи телефонски сметки

Лажни СМС пораки кои пристигнуват на мобилните телефони, а кои се испратени од Брегот на Слоновата коска и Естонија оштетиле повеќе граѓани во Србија. Тие кои се фатиле на замката со пораката: „Побарај ме. Ова е итно“ треба да платат телефонски сметки од неколку илјади евра – На мајка ми постојано и стигнуваат пораки со […]

______________________________________________________________________________________________________

„На породување ми го убија бебето“ – Потресна исповед на Србинка

„Две бабици ми го стискаа стомакот за бебето да излезе побрзо. Кога бебето беше извлечено на сила имаше хематом на главата, модар врат и модринки по целото тело. Велеа дека ме губат и неколку пати ми даваа кислород. Неколку пати загубив свест. Беше ужасно“. Вака за српскиот Курир 21-годишната Тамара Станковиќ од Србија чие новороденче […]

______________________________________________________________________________________________________

Се урна авион кај Нови Сад, загина познат бизнисмен

Две лица загинаа во пад на спортски авион на аеродромот „Бачки Јарак“ во близина на Нови Сад, јави Танјуг. Во несреќата загинале пилотот и неговиот сопатник. Според првичните информации настрадал новосадскиот бизнисмен Томислав Ѓорѓевиќ, сопственик на фирмата ДТП Рибарство, кој пилотирал со авионот. Тој најверојатно е сопственик на приватниот авион во Бачки Јарак. Идентитетот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин во Белград ќе пристигне со 150 луѓе со три авиони

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин изнесе нови детали за посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин кој во Белград ќе пристигне на 16 октомври. Лидерот на Руската Федерација ќе се обрати пред народот во текот на дефилето на војската на Србија. Путин ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Страв во Србија: Манијак во училишта, намамува деца во автомобил

Средовечен маж во четвртокот се обидел во својот автомобил да пикне неколку деца додека стоел паркиран пред Основното училиште Коле Рашиќ во Ниш, потврдија од полицијата. Овој инцидент е пријавен во полиција и интензивно се трага и по автомобилот и по возачот, кој очигледно немал добри намери. Училишниот полицаец разговарал со децата, а полицијата го […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА: Го убил сопствениот брат поради девојка

Го убил сопствениот брат. Страшна трагедија ја потресе Хрватска. 21 годишниот Иван по бурна расправија со скршено стаклено шише му го исекол вратот на својот 24 годишен брат Зоран. Во отсуство на официјални информации, хрватските медиуми шпекулират дека за убиството кое се случило околу 17:45 во местото Жупањ мотив била расправија поради девојка. Ниту едно […]

______________________________________________________________________________________________________

Се покајала: Побегнатата Босанка сака да го напушти џихадот и да се врати дома!

16-годишната Самра Кешиновиќ, една од двете босански ученички кои во април побегнале од дома и заминале да се борат на страната на терористите, сега сака да се врати дома во Виена. Таа е константно во контакт со семејството и пријателите, а виенските медиуми пренесуваат дека им кажала дека повеќе не може да ги поднесе ужасите […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал во Гинекологија- докторки се фотографираа покрај пациентка на бокс

На Фејсбук профилот на гинекологот Сања Станојевиќ Дакиќ осамна селфи со нејзината колешка при што во позадината се гледаше родилка како полугола лежи на бокс и се породува. Неколку часа по објавувањето на оваа скандалозна фотографија, избришан е нејзиниот профил од Фејсбук, а докторката се бранела со тоа што нејзиниот профил бил хакиран па ваква […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1