13/09/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Познатиот дизајнер на луксузна гардероба „Долче и Габана“ го тужи Србинот Марко Филиповиќ зашто својот белградски локал го нарекол „Долче и каффана“. Иако кафеаната во Белград работи речиси една година, сопственикот Филиповиќ вели дека немало никакви проблеми се до пред две недели кога преку адвокатска канцеларија во Белград му стигнала тужба од „Долче и Габана“. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2013 12:45
•
Posted by: Александра Смилеска
Една бремена жена од Ниш добила непроверена крв која преку трансфузија ја добила на Клиничкиот центар Ниш. Крвта претходно не била тестирана на преносливи болести, а денеска можеби живее со ХИВ, сифилис, хепатитис Б или Ц, пишува српски Курир. Според информации од Институтот, до овој заклучок дошле поради молкот на надлежната институција, но и поради […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 22:17
•
Posted by: MK News
Српските власти обезбедиле ново сместување за водовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, која од 23-ти август се наоѓа во белградскиот Ургентен центар каде е сместена поради влошената здравствена состојба. Потпретседателот на Владата на Србија, Расим Лјајиќ изјавил дека Јованка Броз се чувствува подобро и наскоро би требало да одбере една куќа во државна сопственост […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 13:00
•
Posted by: MK News
На една загребчанка викендов нејзиниот iPhone 4S и заѕвонил и експлодирал крај главата откако во текот на ноќта бил вклучен на полнење. претходно телефонот заѕвонил, но бидејќи спиеле сите Љубица споро реагирала и го оставила на ѕвони. Станала и тргнала накај телефонот кога iPhone заѕвонил по втор пат и експлодирал. На телефонот било пукнато стаклото, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Група основци во Нови Сад го нападнала наставникот по математика Иван Јанеш, додека ги чекал жената и детето во паркот крај Железничката станица. Јанеш го претепале под изговор дека бил „педер“. Според зборовите на наставникот, децата стари меѓу 12 и 15 години го нападнале и го шутирале се додека не му нанеле тешки повреди. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 22:40
•
Posted by: MK News
Над 250 луѓе побарале медицинска помош во српскиот град Смедерево поради симптоми на труење со храна, јавуваат локални медиуми. Министерството за здравство соопшти денеска дека меѓу затруените има над 200 деца. Околу 40 луѓе се хоспитализирани, а на останатите им е дадена алмбулантска помош. Според првични информации, причина за масовното труење е бактериолошко неисправно месо за […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 15:00
•
Posted by: MK News
Во Котор е уапсена е Милева Килибарда, под сомнение дека заработила стотици илјади евра подведувајќи 4 девојки на црногорски бизнисмени и Руси, на забавите по црногорското приморје. Милева Килибарда и Сенад Медуњанин се уапсени во акцијата наречена Порто, според пристаништето Порто Монтенегро каде најмногу се одвива јахтинг проституцијата. Таа е осомничена дека подведувала 4 девојки – […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Пирамидата Сонце во Високо е стара 29.000 години, и со тоа е најстарата пирамида во светот, покажуваат најновите истражувања. Ова го потврди основачот на Фондацијата „Археолошки парк”, Семир Османагиќ. Четвртата меѓународна научна конференција за босанските пирамиди „Скриена историја“, која почна на 4 септември во организација на Фондацијата „Археолошки парк: босанска пирамида на сонцето“ беше посветена […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Само во породилиштето ГАК Народен Фронт во Белград пронајдени биле голем број на документи кои укажуваат на дупли протокол, во документите местото за името на родилките било празно и непополнето, на отпусните листи немало факсимил од лекарот кој го потполнил а печатите на клиниката биле вешто замачкани. Најчести изговори на лекарите во документите се дека […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Албанскиот премиер Сали Бериша попладнево му ја достави својата оставка на претседателот на Албанија, Бујар Нишани. Со овој чин, како што јави дописникот на МИА, за избор на новата влада на Еди Рама, чоја коалиција победи на изборите на 23 јуни. Бериша, кој во изминатите осум години беше на чело на албанската Влада, сепак ќе остане на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Спектакуларни промени нема во Хрватска откако пред два месеца земјата стана членка на Европската Унија. Но било рано велат аналитичарите – Вистинските промени ќе се почувствувале дури по една-две години кога земјоделците ќе добиваат пари од фондовите на ЕУ, ќе произведуваат и ќе продаваат поевтина храна, па ќе расте и животниот стандард На бенефитите се […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Фармерите во Хрватска од следната година може да се соочат со проблем, да не можат да одгледуваат кокошки носилки, бидејќи опремата и стандардите не се на нивото на ЕУ. Условите кои ги прифатија хрватските преговарачи со Унијата, во моментов не се задоволени кај најголемиот дел од фармерите. Хрватска е една од ретките земји која потребите […]
______________________________________________________________________________________________________
07/09/2013 15:33
•
Posted by: MK News
Давор е татко на детето кое од раѓање боледува од целебрална парализа, поради што цела десна страна му е парализирана. Обидувајќи се да му помогне на својот син, Давор по низата терапии кои давале лоши резултати, се одлучил да направи нешто незаконско, но како што тврди, ефикасно против болеста на неговото дете. „Кога имаше четири […]
______________________________________________________________________________________________________
07/09/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Врз основа ранг листата на консултантската куќа Дилојт „Топ 500 компании во Централна Еврпа“, направена е листа со најмоќните луѓе во регионот. На ова листа се наоѓаат имињата на менаџери во нафтените компании и трговските гиганти. Еве кои се најмоќните Балканци: Золтан Алдот – претседател на УО на хрватската нафтена компанија ИНА. Ивица Тодориќ сопственик […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Педесет и едно годишниот таксист од Марибор добил милионска сума на лото. Меѓутоа тој решил да направи добро дело за своите колеги таксисти со тоа што со парите им купил нови автомобили. Таксистот освоил неверојатни 1.497.523 евра. Изјавил дека извлекувањето на лотото го гледал со својата ќерка но сакал да остане анонимен. Новинарите се обиделе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Над Јадранското море во вторникот вечерта прелета метеор и момент го осветли небото, а оваа снимка била забележана во италијанскиот град Ферара. Метеорот што изгорел во атмосферата беше уловен и од објективите на фотоапаратите на словенските астрономи, затоа што тој беше видлив и во западниот дел на оваа земја. Италијанските медиуми објавија дека се слушнала […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Во текот на 2014 година со работа ќе почне информативниот телевизиски канал Н1, кој ќе биде наменет за гледачите од државите од поранешна Југославија. Како што јави Танјуг, телевизијата Н1 ќе биде специјален партнер на Си-Ен-Ен во регионот на Западен Балкан и ќе емитува програми од студија од Белград, Загреб и Сараево, а ќе има […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Во регионот Капндрити во близина на Атина, побожниот пчелар Исидорос Тиминис во една од своите кошнички со пчели поставил икона од Распетието Господово. Набрзо после тоа кога ја отворил кошничката бил вчудоневиден. Пчелите покажале голема почит према иконата, тие ја извезле со восок целата икона освен делот каде е прикажано лицето и телото Господово. Отогаш […]
______________________________________________________________________________________________________