06/05/2018 15:39
•
Posted by: MK News
Вистинска драма се одвивала денеска пред основниот Суд во Белград, каде маж бил застрелан во главата, по што напаѓачите избегале. Се работи за маж на 50-годишна возраст кого го застрелале непознати напаѓачи во главата. Очевидци виделе двајца напаѓачи и чуле неколку истрели, многу се вознемириле. Ранетиот е пренесен во болница и лекарите се борат за […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2018 16:58
•
Posted by: MK News
Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера жестоко пред новинарите го критикуваше министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ поради неговиот дискриминаторски став за ЛГБТ популацијата и нивното право на родителство, пишуваат српските медиуми, кои неофицијално дознаваат дека Брнабиќ понудила и оставка, на што претседателот Александар Вучиќ одговорил дека „тоа не доаѓа предвид“. Сликовницата за деца […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2018 21:37
•
Posted by: MK News
На денешен ден пред 38 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 12:00
•
Posted by: MK News
„Кога ми јавија дека Наѓа полека се гаси, се стрчав во болница за да ја допрам додека се уште е жива – ова за Блиц.рс го раскажува Драгана Петровиќ, мајка на двегодишната Наѓа, која по три месеци борба почина од морбили во Институтот за мајка и дете. Драгана за порталот ја раскажа целата своја тага. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:58
•
Posted by: MK News
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтеровата скала погоди синоќа област во близина на Атина. Нема информации за евентуална штета или повредени, соопштија грчките власти. Епицентарот се наоѓал на 29 км североисточно од Атина, на длабочина од 9,4 км. Потресот се почувствувал во грчкиот главен град и предградија, јавија грчки медиуми.
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2018 11:38
•
Posted by: MK News
Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ […]
______________________________________________________________________________________________________
29/04/2018 21:18
•
Posted by: MK News
Двајца косовски полицајци, А.Т. (23) и М.Д. (26), минатата ноќ исчезнаа кога нивното возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец. Потрагата по нив е прекината околу четири часот утрово и продолжува денес, изјави за „Коха“ портпаролот на косовската полиција. Според изјавата на косовската полиција, полициското возило минатата ноќ […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2018 21:28
•
Posted by: MK News
По написите во медиумите дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај е поканет да го посети Прешево, остро реагирал српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој дури се закани со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево.– Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе биде уапсен, изјавил Стефановиќ за „Курир“. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2018 21:15
•
Posted by: MK News
Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет. – На „македонски“ јазик говореше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време […]
______________________________________________________________________________________________________
26/04/2018 16:11
•
Posted by: MK News
Во Србија од утре почнува мерењето на просечната брзина на возење на сите делници од автопатотире, а сообраќајната полиција ќе почне со казнување на сите оние кои, дури и за еден километар, ќе ги надминат дозволените 120 километри на час. Камерите на „Патишта на Србија“ се инсталирани на сите за таа намена утврдени локации, а […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2018 19:58
•
Posted by: MK News
По смртта на бремената Бојана Милановиќ (24), припадничка на војската на Србија, нејзината мајка Снежана во потресната исповед раскажува дека се сомнева во официјалната верзија и не верува дека нејзината ќерка извршила самоубиство. Мајката скршена од болка, вели дека ќерка и била весела, расположена и пресреќна заради бременоста. -Немаше причина да крене рака на себе, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2018 19:44
•
Posted by: MK News
Милан Ѓуриќиќ Мики од Лозница, кој е осуден на 30 години затвор поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и двајца негови пријатели во хотелот Интерконтинентал, на 15 јануари 2000 година, е убиен во Јужна Африка, дознава српски Курир. Како што дознава српскиот портал, во српското МВР се уште нема официјална потврда за убиството на Милан […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2018 22:03
•
Posted by: MK News
Ова е девојката од Србија, припадничка на Армијата, која се самоуби на 24. години, на денот на свадбата. За трагедијата да биде поголема, таа била во петтиот месец од бременоста, а засега не се знае мотивот. Отидов на работа синоќа. Се беше добро кога појдов. Да имаше нешто, ќе забележев. Беше ведра, насмеана, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 12:51
•
Posted by: MK News
Со полагање на венци и цвеќе на спомненикот „Зошто“ денеска одбележана 19-годишнината од загинувањето на вработените во Радио-телевизија Србија при бомбардирањето во 1999 година. На комеморацијата ќе присуствуваат и Жени во црно и Жени од заедницата на жртви и преживеани од Босна и Херцеговина од подрачјето на Зворник. НАТО рано утрото на 23 април 1999 […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2018 13:40
•
Posted by: MK News
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувале кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир. Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18:30 часот, но причините не се соопштуваат. Според првичните сознанија, станува […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2018 13:34
•
Posted by: MK News
По смртта на Адеа Шабани од Скопје, смртта на Србинката Драгана Шолаја исто така го потресе регионот. Младата 24-годишна девојка отишла на програмата Ворк енд травел, а била пронајдена на улица без свест. Во болница не знаела што и се случило, по два часа починала, па и докторите немаат објаснување што и било. Иако се […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2018 16:41
•
Posted by: MK News
Актерот и режисер Драган Бијелогрлиќ е омилен во своето родно место, а и Баранда е негова слабост. Секое лето го минува таму, меѓу своите, а и нема сосед кому не му дал, барем мала, улога во своите филмови. Екипата на српски Блиц плус го посета родното место на познатиот актер, кој е омилен на целата […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2018 16:20
•
Posted by: MK News
Српскиот државен врв остро го осуди вчерашниот инцидент што го предизвика лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ во Собранието на Србија, газејќи го знамето на Хрватска и пцуејќи ја и навредувајќи ја хрватаската парламентарна делегација. Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека таквото однесување е „нешто недопустливо“ и дека тоа е „лоша порака што […]
______________________________________________________________________________________________________