31/07/2019 14:39
•
Posted by: MK News
Воз удри во автомобил „ситроен“ утрово кај скопското село Кондово, при што полесно е повреден возачот на автомобилот, потврдија за МИА од МЖ-Инфраструктура. Несреќата се случила кога кога автомобилот поминувал преку пругите и од ударот е речиси уништен.
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2019 14:37
•
Posted by: MK News
Вчера во 12:00 часот во Полициска станица Гевгелија бил пријавен пожар на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето. Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино, информира МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и утврдено е […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2019 14:26
•
Posted by: MK News
Двајцата ранети при пукањето на свадбата во тетовска Мала Речица имале повреди во градите и поради сериозноста се однесени на скопската Клиника за торакална хирургија, информираат денеска од тетовската клиничка болница. Двајцата повредени по оперативните зафати се во стабилна состојба. – Дежурна екипа вчера ги примила двајцата повредени со по една рана во пределот на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2019 17:23
•
Posted by: MK News
На 28.07.2019 во 02:30часот при акциска контрола во угостителски објект лоциран во близина на автопатот Тетово-Скопје од страна на полициски службеници од Тетово лишени од слобода се 12 женски лица на возаст од 20 до 40 години од Србија, Албанија, Бугарија. Лицата се приведени во Полициската станица во Тетово по што ќе бидат предадени во […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2019 14:46
•
Posted by: MK News
На граничниот премин Табановце полицијата ноќеска во 3 часот привела двајца цариници под сомнение за примање поткуп. СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност – Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапуваше по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2019 13:36
•
Posted by: MK News
57-годишниот Б.М. е рударот кој загина во рудникот во Крива паланка вчера при изведување на работни активности. МВР информира дека со телесни повреди се здобиле рударите А.Н. (32) од Крива Паланка и Ј.М. (30) од паланечко. Повредените рудари се пренесени во Клиничка болница во Куманово. Увид на лице место извршила увидна екипа од Крива Паланка, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2019 14:40
•
Posted by: MK News
Во близина на главниот плоштад во Тетово е пронајдено безживотното телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово, објавува АлсатМ. Телото, со прострелна рана, е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син, недалеку од местото на живеење. Според првичните информации од увидот, на стаклото од автомобилот се забележани дупки од […]
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2019 14:09
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 50 година поради извршено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. „Обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2019 11:07
•
Posted by: MK News
Во угостителскиот објект, кафе-барот „Кафе ин“ во строгиот центар на Прилеп ноќеска во 23,10 часот е пронајдена школска бомба што, според полицијата, немала експлозивно полнење. Полицијата го обезбедуваше просторот околу кафе-барот и се чекаше единица од МВР да ја отстрани бомбата. -Веднаш се преземени соодветни мерки и школската бомба е подигната од местото. Нема повредени […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2019 12:43
•
Posted by: MK News
Триесет и деветгодишна струмичанка се обидела да го отруе својот сопруг, откако му сварила кафе, а во него ставила отров.Обвинителството ја осомничи за обид за убиство, поради што и беше одреден и притвор. – Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2019 12:33
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово, кои се сомничат дека сториле по едно кривично дело – трговија со дете. „Осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:08
•
Posted by: MK News
Дваесет и едногодишно момче и 48-годишен маж загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Несреќата, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“. На самото место загинаа 21-годишниот Ш.С. од село Батинци и 48-годишниот З.Ѓ. од Драчево. На […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 12:59
•
Posted by: MK News
Џесика Мемишовска се удавила во базенот Довеџик кај Битола обидувајќи се да ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето. Џесика знаела по малку да плива, а со нив имало и други деца, сите од битолската дива населба Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот пишува сдк.мк. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/06/2019 16:52
•
Posted by: MK News
Ебубекир С. и Егзона М, кои имале 24 години, утринава го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, соопштува „Журнал“. Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пјаченца- Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/06/2019 12:12
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа се случи утринава во Скопје во близина на Катастарот во Карпош, објавува Вечер. Едно од возилата се превртело, па пожарникарите биле повикани да интервенираат. Како што информираше командатот на Бригадата за противпожарна бригада Владимир Симоновски во превртеното возила имало тројца патници, но тие не биле заглавени. -Пожарникарите не мораа да интрервенираат со алат за […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2019 12:15
•
Posted by: MK News
Полицијата соопшти дека го пронашла убиецот на 24-годишниот скопјанец, Бурим Идризи, кој беше убиен пред две години, пред угостителски објект на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир. Убиството го извршил 29-годишник со иницијали О.А., кој денеска бил пронајден на локалниот пат Зелениково-Моране и приведен од страна на полициските службеници. Убиството се случи пред две години, кога […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2019 12:06
•
Posted by: MK News
Полските навивачи заработија казни од по 150 евра за меѓусебната пресметка во Градскиот парк во Скопје. Приведени беа 223 навивачи, а казната се однедува за прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир. Во петокот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи се степаа, по што беа […]
______________________________________________________________________________________________________
05/06/2019 15:12
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи од Тетово информираше дека е најдено шестодишното дете од Прилеп кое беше пријавено кај нив како исчезнато на 18-ти мај од страна на родителите. Детето го нашле полициски службеници во Скопје. – Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се […]
______________________________________________________________________________________________________