Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Пронајдено безживотно тело во река Пчиња

Безживотно тело во фаза на распаѓање е пронајдено попладнево во водите на реката Пчиња во атарот на селото Студена Бара, потврдија денеска од СВР Куманово. Случајот е пријавен во СВР Куманово во 15 часот. На увид излезени се екипи на СВР Куманово, обвинител и лекар. Од кумановската полиција најавија повеќе информации по завршување на увидот.

______________________________________________________________________________________________________

Филмско бегство: Teтовски криминалец и избега на полицијата

Вчеравечер во 21.20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М. (33) од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано возило „форд фокус“ без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М. Кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Таксист од Скопје доживеа хорор – му впериле пиштол во главата

Уште еден таксист од Скопје вчера доживеа хорор кога во 22 часот и 45 минути непознати лица кои влегле да се возат, и побарале да ги одведе на одредена локација, потоа место да му дадат пари за услугата, му впериле пиштол. Ч.А. пријавил во полиција дека разбојништвото му било извршено на улицата „Менделеева“ од страна […]

______________________________________________________________________________________________________

Експлодираше ќумбе во стан во Скопје, еден пожарникар се задушил

Во Скопската населба Даме Груев улица Лука Геров, синоќа околу 23 часот изби пожар. Според неофицијалните информации, истиот од вториот кат се проширил низ зградата. Причинител е ќумбе кое експлодирало во стан на вториот спрат. Присутна беше полиција и три возила на противпожарна бригада, две возила на итна помош. Во чадот се задушил само член […]

______________________________________________________________________________________________________

Запалено возило во двор во Скопје

Непознат сторител утрово во 2.20 часот запалил автомобил кој бил паркиран во двор од куќа воСкопје. Сопственичката на возилото, 42-годишната скопјанка А.Н.(42) пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност на нејзиното „пежо“ кое било паркирано на улицата Ѓорѓи Капчев, во дворот од нејзината куќа во општина Аеродром. Опожарен бил предниот дел од возилото. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Страшна сообраќајка на Партизанска – шест повредени

Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа што утрово во четири часот се случила на крстосницата кај булеварите „Партизански одреди“ и „8. Септември“во Скопје меѓу четири автомобила. Со тешки телесни телесни повреди се здобила сопатничка во едно од возилата. Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајката се случила меѓу патничките возило „Ауди А6“, управувано од […]

______________________________________________________________________________________________________

Нападнато и ограбено десетгодишно дете во Скопје

Десетгодишно дете било нападнато и ограбено синоќа на ул. „50-та Дивизија“ во Скопје. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, А.П (44) од Скопје во Полициската станица Центар пријавил дека вчера попладне околу 17 часот на ул.„50- та Девизија“ спроти маркетот засега непознато лице го нападнало неговиот 10-годишен син и му одзел спортско ташниче […]

______________________________________________________________________________________________________

Охриѓани претепале сограѓанин во казино: „Ако не ми дадеш 1000 денари ќе те искршиме“

На 10.02.2017 година во 07,25 часот телефонски во ПС-Охрид, С.С.(54) од Охрид, пријавил дека истиот ден околу 06,30 часот отишол во казиното „Адмирал“ лоцирано на ул.„Партизанска“ и при влегувањето помеѓу две врати го пресретнале лицата Ф.А. и А.Ф. од Охрид, по што А.Ф. му побарал 1.000 денари, но С.С. одбил да му даде. А.Ф. му […]

______________________________________________________________________________________________________

Бурен ден на скопскиот аеродром, неколку уапсени

Македонската полиција приведе неколку лица на скопскиот аердром во текот на вчерашниот ден. Приведувањата започнале во 16,30 часот кога на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики, за излез од земјава со воздухопловот на авиокомпанијата „Визер“ за Лондон, се пријавил Ф.А.(21) од Р.Италија со италијанска лична карта. При проверка на личниот багаж кај истиот е пронајдена […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија – Ја силувал малолетната сестра на другарот

Ужасен настан ја потресе Македонија, во полиција било пријавено уште едно силување. Според податоците од македонското МВР, 14-годишно девојче од Прилеп било силувано од страна на својот другар И.О. Момчето всушност било другар на братот на малолетничката, и во текот на минатата година заедно биле на забава на Градскиот Базен каде ја започнале дружбата, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Продавачката го убила затоа што и се заканувал дека ќе и го убие синот

Причина што вработената во колонијална продавница, 33-годишната М.П. од село Свето Митрани, крушевско, која на 3 февруари по кратка расправија, со ловна пушка на нејзиниот свекор го уби 44-годишниот Н.Д. од истото село, било тоа што тој и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него. Од почетокот на оваа година тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Го претепал оти танцувал со девојка му

Во студио за модерен танц во Скопје, синоќа додека траел часот дошол Б.Р. од село Батинци, насилно ја отворил влезната врата и се упатил кон Н.В. (23) од Скопје, кој во тој момент посетувал час, и физички го нападнал. Откако присутните успеале да ги раздвојат, Б.Р. излегол надвор и повикал уште две лица по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Турчин на студии во Штип ја заклучил во стан и ја тепал својата девојка од Скопје

На Градскиот плоштад во Штип, синоќа во 23 часот, по претходно договорена средба, А.А.(23) од Турција, студент со привремен престој во Штип, и неговата 20 годишна девојка од Скопје, студентка со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом. Кога влегле, тој веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да […]

______________________________________________________________________________________________________

Потрагата заврши трагично: Исчезнатиот штипјанец најден мртов

Потрагата по исчезнатиот маж од Штип заврши трагично, откако вчера на местото Калимерово во близина на реката Брегалница, тој бил пронајден починат. Полицијата денеска информира дека 75-годишниот Ѓ.П. кој на седми месецов беше пријавен за исчезнат од страна на неговиот син, вчера бил пронајден мртов. Лекарите можеле само да констатираат смрт, а по наредената обдукција […]

______________________________________________________________________________________________________

Кичевец паднал од бандера и починал

Четириесет и двегодишниот С.Р. од село Стрелци, Кичевско, при работа паднал од бандера во охридската населба Рача и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид. Поради сериозноста на повредите, бил препратен во скопскиот Клиничкиот центар Скопје, но на пат кон Скопје починал. Како што информира МВР, несреќата се […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Охрид: Старец пикнал детенце во гаража, пробал да го силува

Полицијата поднесе кривична пријава против 77-годишен охриѓанец поради сторено кривично дело „полов напад врз малолетно лице“. Според соопштението од СВР – Охрид, С.Г. (77) од Охрид на 12 минатиот месец околу 14 часот управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во […]

______________________________________________________________________________________________________

Струга: Маж, жена и свекрва нападнати во семејната куќа пред децата

Вчера вечер околу 22.00 во Струга, на ул. „Црн Дрим“ лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А.. во својот дом, физички биле нападнати од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица. Додека М.А., Е.А., З.А., и нејзините четири деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата […]

______________________________________________________________________________________________________

Битола: Им влегол дома со нож, сакал да ги заколе

Вчера околу 19.30 часот во Битола на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ во куќата на Б.С. (25) непознат сторител извршил насилство над него, неговиот татко, неговиот чичко и неговиот зет. Сторителот со нож на Б.С. му нанел телесна повреда во пределот на бутот констатирана во Клиничка болница Битола. Откако бил совладан сторителот и му бил одземен ножот, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1