Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Тетовец погоден од залутан куршум во глава додека возел

З.П.(28) од Тетово бил повреден од заталкан куршум додека го управувал неговиот автомобил Ситроен Ц4, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Инцидентот се случил на булеварот „Илинденска“ во Тетово при што З.П. слушнал удар на покривот од автомобилот и почуствувал болка на главата односно рана од која крварел. По запирањето со возило, тој бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Кочани: Малолетничка силувана два пати од исто лице

Триесет и едно годишната С.М. од Кочани вчера пријавила дека пред два дена нејзината 14 годишна ќерка била два пати силувана. Според пријавата И.М. (31) од Кочани во два наврати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетка го пронашла внукот мртов во својот стан

Д.Ц. (46) е пронајден мртов вчера претпладне околу 10 часот во стан на булеварот „Видое Смилески Бато“ во Скопје, соопшти МВР. Смртта ја констатирала екипа на Брза помош што претходно ја повикала тетката на починатиот, Љ.К. (72). Таа, како што изјавила во разговор со полицијата, забележала дека Д.Ц. не се буди иако му ѕвонел алармот […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец и скопјанец измамиле турски државјанин

Единицата за имотни деликти до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје гo предаде М.И.(44) од Скопје, поради основи на сомнение дека во својство на униформиран полициски службеник, вработен во Полициска станица Бит Пазар, заедно со Н.А.(25) од Скопје, извршиле кривично дело „измама“. Првопријавениот сторил и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ со цел противправно […]

______________________________________________________________________________________________________

Му се јавил на малолетник да излезе од дома и го избодел со нож

Охриѓанка пријавила дека утрово околу 2 часот на мобилниот телефон на нејзиниот 17-годишен син се јавило непознато лице и му рекло да излезе пред продавницата, лоцирана на улицата Питу Гули во Охрид. Кога нејзиниот син излегол пред продавницата, од „мерцедес“ излегло непознатото лице кое извадило нож со кој му нанел повреди во пределот на десната […]

______________________________________________________________________________________________________

По кавга со мајка и 14-годишно девојче исчезнало од дома

Четиринаесетгодишна девојка од Кочани, во петокот утрото во 7 часот, по кавга со нејзината мајка заминала од дома и не се вратила. Мајка ѝ, 31-годишната С.М, вчера го пријавила исчезнувањето во полициската станица во Кочани

______________________________________________________________________________________________________

Пожар беснееше во Свети Николе – изгореа печатница, бутик, пицерија, тобако

Печатницата „Цвај Дизајн“ од Свети Николе вчера изутрина целосно изгорела во пожар. Опожарен е и инвентарот во Домот на културата „Крсте Мисирков“, каде била сместена, билетарата, помошните простории, а со пожарот биле зафатени и неколку други дуќани и закупци, соопшти полицијата. Во 5:00 часот вчера во Свети Николе на ул. „Плоштад Илинден“, од засега непознати […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазени две деца во Прилеп – едното 13 другото 12 годишно

Тринаесетгодишно дете е потешко повредено, а неговото другарче (12) се здобило со полесни повреди синоќа во Прилеп кога автомобил управуван од непознато лице удрил во нив. Полицијата, како што соопшти, презема мерки за пронаоѓање на возачот, кој избегал од местото на несреќата. Настанот се случил во 21:30 часот во Прилеп на ул.„Трајко Тарцан“. Непознатиот возач управувајќи автомобил, […]

______________________________________________________________________________________________________

10 годишно девојче полово нападнато во Битола

Триесет и седум годишната Л.А. од Албанија со живеалиште во Битола вчера пријавила дека на 14-ти месецов непознато лице ја пресретнало нејзината десетгодишна ќерка и ѝ рекол дека ќе ја однесе кај мајка и. -Но, наместо кај мајка ѝ, сторителот ја однел во соседната улица и извршил друго полово дејствие. Разговор со детето бил извршен […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за експлозијата во Хиподром: Експлозија на плинска боца, еден загинат

Маж на возраст од околу 70 години е лицето кое попладнево го загуби животот во пожарот кој избувнал во стан во скопски Хиподром, дознава Курир. Од полицијата информираат дека кај нив е пристигната пријава за пожар во стан во зграда а улицата „Жан Жорес“, а смртта е констатирана од страна на лекар од итната медицинска […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВА ТРАГЕДИЈА: Усмртен пешак во скопско

Седумдесет и осум годишниот Ф.В. од скопско ’Ржаничино попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу 17:30 часот се случила на главната улица во селото. Според информациите до кои дојде Курир, во мажот удрил автомобил „Застава“ управуван од 31 годишниот И.Ј. од Велес. Веднаш била повикана итна медицинска помош која можела само да констатира […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за сообраќајката во која загина 24-годишна девојка од Скопје

Трагедија синоќа го зави Скопје во црно кога во 16 часот и 45 минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населбата „Гоце Делчев“, млад живот згасна во сообраќајка. Според податоците кои денеска ги објави МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Д.П. од селото Јурумлери […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепани од синот и снаата – свекор и свекрва завршија во болница

Во с.Челопек, тетовско вчера околу 12.00 часот , во семејниот дом С.П. со својата сопруга извршиле семејно насилство над неговите родители И.П. и Р.П., физички напаѓајќи ги. Ним им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Прегазено двегодишно дете, тешко повредена и 13-годишна девојка

Две сообраќајни несреќи со двајца повредени малолетни пешаци се случиле вчера и денеска во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци првата сообраќајка се случила вчера околу пладне на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово при што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици што го управувал И.С.(29) од Лавце удрило во […]

______________________________________________________________________________________________________

Две деца повредени во сообраќајки во Тетово

Лажен полицаец ветил ослободување на затвореник – Кумановец измамен за 20.000 евра

Тетовец преставувајќи се како полициски инспектор и ветувајќи ослободување на затвореник во јули годинава измамил кумановец за 20.000 евра. Како што соопшти МВР, лицето Н.Б. (68) од село Отља, Кумановско во полициска станица Гази Баба вчера во 13:50 часот пријавил дека во текот на месец јули годинава од страна на лицето Н.М. од Тетово му […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за пукањето на Партизанскa

Четириесет и петгодишниот Д.Т. синоќа бил пренесен во болница со три прострелни рани од огнено оружје во стомакот, градниот кош и во раката. Од Министерството за внатрешни работи велат дека не може да потврдат дали тој се здобил со повредите додека возел по булеварот „Партизански одреди“ пред да се преврти затоа што кај нив до […]

______________________________________________________________________________________________________

Престрелка во Скопје: Автомобил се преврти на Партизанска

Во престрелка која што се случи вечерва на скопскиот булевар Партизански Одреди, едно лице е рането, на пукањето претходело бркотница со автомобили низ Партизанска. Според последните информации, бркотницата во која што учествувале неколку автомобили започнала кај бензинската станица на „Макпетрол“, по што едно од возилата удрило во бетонската жардиниера и се превртело на булеварот. Неофицијално, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1