Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Кумановец се обидел да се самоубие со врвка од патика во полициско возило

На 11.11.2016 година во 18.45 часот од с.Добрашане, кумановско, по пријава од неговата сопруга за вршење на семејно насилство и малтретирање, бил приведен Б.Ѓ. (28) од с.Речица, кумановско, кој бил под дејство на алкохол, а со цел да се задржи во Полициската станица Куманово до негово отрезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи. При транспортот […]

______________________________________________________________________________________________________

Групна тeпачка во автобус во близина на Бит пазар

Вчера околу 17.00 часот во ЕИК Скопје, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“ било пријавено нарушување на Јавниот ред и мир во автобус бр.„50“ на ЈСП, кој се движел од Бит-пазар кон Центар, поточно во близина на Бит-пазар. Десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од село […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден леш во распаѓање во близина на македонско-српската граница

Леш во фаза на распаѓање е пронајден во реонот на селото Стража во близина на македонско-српската граница. Полицијата денеска соопшти дека лешот е најден вчера во 09:40 часот на околу 20 метри од државната граница во македонска територија. Полициски службеници од ОДГ „Белановце“ се упатиле на местото и пронашле човечки череп. Поради непристапност на теренот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Починато машко лице пронајдено во Клиничкиот центар во Тетово

Во Клиничкиот центар во Тетово синоќа околу 23:40 часот е пронајдено починато машко лице. Полицијата денеска соопшти дека телото е пронајдено од страна на вработен во централата на Клиничкиот центар. При извршниот преглед над телото на починатиот, од надворешна страна била забележана крв во пределот на носот. Увид на местото на настанот извршила екипа од […]

______________________________________________________________________________________________________

Експлодираше куќа во Волково- вклучил греалка до плинска боца

Во ЕИК Скопје вчера во 10.30 часот, од страна на Бригадата за противпожарна единица, добиена е пријава дека околу 09.30 часот во с.Волково, скопско, на ул.„70“ се случила експлозија во една од собите на горниот кат од куќата. До експлозијата најверојатно дошло од вклучена греалка во чија близина имало плинска боца од три литри од […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во прилепско: Ја тепал и силувал невенчаната сопруга на братот

Триесет годишниот С.С. од едно прилепско село ноќта во понеделникот кон вторникот ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат. Хоророт на жената започнал откако С.С. земал автомобил „Голф 4“ од соселанец и отишол во плевната каде се наоѓале неговиот брат Ш.С. (50) и жената Л.К. (52). Во еден момент Ш.С. заминал во куќата на третиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Потстанари се затруле од чад, станот целосно изгорел од греалка

Утрово околу 05.30 часот во Скопје во стан на бул. „Кочо Рацин“, во кој како потстанари живееле М.А. (24) и Н.Т., избувнал пожар, најверојатно од грејно тело-греалка, при што станот целосно изгорел. Пожарот е локализаран од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. М.А. и Н.Т биле пренесени во Ургентен центар Скопје поради труење со […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден исчезнатиот битолчанец, се изгубил поради густа магла

Дваесет и седум годишниот И.В. од Битола вчера утрото пријавил дека го пронашле неговиот татко Љ.В. од с.Долно Агларци, кој бил пријавен за исчезнат. Истиот бил во добра здравствена состојба, но поради слабата видливост, густа магла, се изгубил.

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџер се бори за живот, пронајден во безсознание во Чаршија

Осумнаесет годишно момче се бори за живот на КАРИЛ откако било претепано во Стара скопска чаршија. Од полицијата информираат дека анонимен граѓанин ноќта во саботата пријавил дека машко лице лежи во безсознание на улицата „Битпазарска“ во Стара скопска чаршија. Полициски и медицински екипи излегле на терен при што било утврдено дека станува збор за К.С. […]

______________________________________________________________________________________________________

Обид за силување на скопјанка, го запрел возилото и тргнал во напад

Вчера во 14:10 часот во ПО-Теарце, 53 годишна жителка на с.Сарај – Скопје, пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот с.Доброште пред џамијата собирала пари од верниците, по што пеш се упатила према центарот на селото за да оди во Тетово. Таа влегла во возило управувано од засега непознато лице, и на регионалниот пат Тетово-Јажинце […]

______________________________________________________________________________________________________

Ученик избоден на час по музичко

Петнаесет годишниот А.Е. ученик од техничкото училиште во Нови Пазар, по кавга, го избодел со нож својот соученик Ц.А. на час по музичко – пишува српски Блиц. Пред да биде избоден, Ц.А. му удрил шлаканица на А.Е. а тој извадил нож и три пати го прободел во вратот и грбот! Повредениот 16 годишник е веднаш […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Штип: Му забила кујнски нож во глава на невенчаниот сопруг

Вистински хорор се случувал синоќа околу 2 часот по полноќ во куќа на улицата „Косовска“ во Штип. Настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45), по што ео еден момент жената зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото. Истиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мртов маж во светиноколско: Сопругата пријавила самоубиство, полицијата се сомнева – што се случувало?

Расправија, мртов маж, пријава за самоубиство и пронајдени три чаури. Што се случувало вчера попладне во светиниколското село Богословец полицијата допрва ќе открива. Она што засега е познато е дека 68 годишната Л.К. вчера пријавила во полиција дека во нивната куќа во дневната соба го пронашла починат нејзиниот сопруг Ф.К. (78), со прострелна рана во […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец избоден и ограбен во стан

Триесет и двегодишен скопјанец бил нападнат, избоден и ограбен од двајца напаѓачи кои влегле во станот во кој тој престојувал, соопшти скопската полиција. Инцидентот се случил вчеравечер, околу 20.45 часот во стан кој се наоѓал на улицата Шидска, сопственост на братот на жртвата Д.С. Според неговата изјава тој бил нападнат од две лица. – Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за страотната несреќа кај Зајас, меѓу загинатите и малолетно лице

Три лица на возраст од 16, 19 и 46 години го загубија животот во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај Зајас. Според информациите од полицијата до несреќата дошло откако З.З. (46) од кичевско Колари управувајќи „Форд ескорд“ удрил во задниот дел од неосветлен трактор натоварен со дрва кој го […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор: Три лица загинаа во сообраќајка кај Зајас

Според засега неофицијалните информации, во тешката сообраќајка кај Зајас загинале 3 лица. Имено, дошло до судар на патничко моторно возило „форд“ во трактор кој неосветлен возел по магистралниот пат А2 Кичево – Скопје, кај селото Зајас. Сообраќајот е во прекин во двата правци

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Зајас, сообраќајот во целосен прекин

На магистралниот пат А2 Кичево – Скопје, кај с.Зајас, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ. Засега нема подетални информации за сообраќајката. Полицијата врши увид.

______________________________________________________________________________________________________

Опожарен автомобил на познат скопски угостител, паника во Ново Лисиче

Две возила – џип „Гранд чероки“ и автомобил „Фиат уно“ ноќеска се опожарени на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Во инцидентот нема повредени. Како што информираат од МВР, двете возила биле опожарени триесетина минути по полноќ, на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“. Возилата се со скопски регистарски ознаки. Џипот „Гранд чероки“ е во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1