20/03/2020 19:24
•
Posted by: MK News
За еден ден, 627 луѓе починале од коронавирус, што досега е најголемиот број. Вкупниот број на смртни случаи во таа земја сега е 4032. Инфицирани се вкупно 47.021. Дури 5986 се новозаразени во однос на вчерашниот ден.Во моментов, има 37.860 луѓе позитивни на коронавирус, а 5.129 се опоравиле. Од нив 2644 лица се на интензивна […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 19:03
•
Posted by: MK News
Додека Народни банки во регионот на минимум 3 месеци ги замрзнаа ратите на кредитите за сите граѓани и фирми, нашата Народна банка само со препорака – секоја банка да одлучува посебно, за секој клиент. Само граѓаните и фирмите кои ќе имаат проблем со плаќањето можат да побараат мораториум на плаќањето рати, но банката ќе одлучи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 18:54
•
Posted by: MK News
Од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје информираат дека директорите Исјановски и Кока се откажале од платите за месец март. Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје проф.др. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока , се откажуваат од платата за месец март. Средствата ќе бидат пренаменети за потребите на Службата за Итна медицинска помош која во овој […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 15:44
•
Posted by: MK News
Јавните обвинители кои постапуваат во предметите за сите обвинети лица на Судот му предложија да изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби. Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 15:30
•
Posted by: MK News
Три новодијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70. Информацијата ја сподели до јавноста министерот за здравство, Венко Филипче, на неговата денешна прес конференција. Како што кажа тој, една од пациентите е баба на заболеното девоче од Штип, друга била во Србија и има еден од Скопје. Досега, според […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 15:12
•
Posted by: MK News
Секој граѓанин ќе може да пријави доколку забележи угостителски објекти кои работат или, пак, зголемување на цените на основните производи. Граѓаните од понеделник ќе можат да пријават непочитување на препораките од Владата за заштита од коронавирусот на бесплатната линија 191. Секој граѓанин ќе може да пријави доколку забележи угостителски објекти кои работат или, пак, зголемување […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 15:09
•
Posted by: MK News
Во живо – вонредно обраќање на министерот за здравство Венко Филипче. Преносот кој почнува во 15 часот ќе го врши Centar.mk во продолжение:
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 14:29
•
Posted by: MK News
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска им порача на работодавачите дека имаат обврска да ги заштитат работниците и најави дека ќе поднесе тужби доколку дојде до незаконско намалување на платите со злоупотребување на состојбата со коронавирусот. Синдикатот ги потсетува, како што наведува во соопштение, оние работодавачи кои сакаат во овие тешки моменти да ги намалат […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 09:24
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, најави дека поради коронавирусот ќе се стопира плаќањето на ратите за кредити за три месеци и оваа мерка ќе се однесува и на фирмите и на граѓаните погодени од коранавирусот. „Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 09:09
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 19 март 2020 година, го разгледа и го усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 19 март 2020 година. Истовремено, согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 20:31
•
Posted by: MK News
Од следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје, најави министерот Венко Филипче. Од следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани со оглед на тоа што веќе […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 18:30
•
Posted by: MK News
Филипче попладнево на Фејсбук објави дека има шест новозаболени и вкупниот број изнесува 48. Меѓу заболените е и девојче од Штип , на 4- годишна возраст, кое го добила вирусот во градинка во Англија.
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 17:04
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека до 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти, заболени со коронавирус. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 14:39
•
Posted by: MK News
Министертвото за внатрешни работи поднело кривична пријава против поранешната директорка на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска која спротивно на препораките од Владата по враќање од Италија не се самоизолирала. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денес извести дека поранешната директорка се вратила од Италија на 29 февруари. Коронавирусот и беше потврден на осми […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 14:31
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес на прес конференција информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата и имплементирање на одлуките на Владата. Чулев соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација. -Да се пријавува секое […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 14:30
•
Posted by: MK News
Банките почна консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот. Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат баnкарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2020 14:02
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика информира дека во Демир Капија, на локација во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на коронавирусот. „Во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2020 22:49
•
Posted by: MK News
Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје. Министерството за здравство информира дека во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести […]
______________________________________________________________________________________________________