07/12/2013 11:03
•
Posted by: MK News
„Кафетин колд“ пакетче со два датума. Оваа фотка се шерува на ФБ и според тврдењето пакетчето има вистински рок до 12.2013, но покриен со етикета на која пишува дека датумот на траење е 12.2014. На фотографијата се гледа дека врз оргиналниот рок има прелепено нов – продолжен рок за цела една година. Во време на вируси […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2013 10:51
•
Posted by: MK News
Новинарот и главен уредник во Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави фотографии од вечерашните случувања на „Мостот на цивилизациите“ пред зградата на Уставниот суд во центарот на Скопје. Како што може да се забележи од фотографиите, организирана група „го нападнала“ споменикот на цар Душан за кој се уште не се знае кој го […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 18:02
•
Posted by: MK News
Дваесет и пет годишна девојка загина откако паднала од петиот кат од зградата каде живеела во скопската населба Ѓорче Петров. Од полицијата, велат дека несреќата се случила околу 15 часот кога Маријана Т. чистејќи паднала од петтиот кат од зградата на улицата 4-ти јули. Најверојатно се работи за несреќа, велат од полицијата, бидејќи претходно чистела […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 14:41
•
Posted by: MK News
Пожар ноќеска пламнал во џамијата Мурат-пашината џамија, лоцирана во центарот на Старата скопска чаршија. Пожарот бил забележан од минувачи, кои веднаш ја алармирале полицијата и противпожарната бригада, чија брза интервенција резултирала верскиот објект да не изгори и да се запалат блиските продавници. Од полицијата велат дека се истражува причината за пожарот, а материјалната штета дополнително ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Во Македонија температурата ќе се движи од минус седум до минус два, а дневната од пет до 10 степени. Во Скопје слично време, со утринска температура до минус шест и со дневна до седум степени. Во вечерните и ноќните часови се очекува промена на времето, која ќе се манифестира преку преодно наоблачување со краткотрајни слаби […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Осум повредени лица, мегу кои осуммесечно бебе и бремена жена, е билансот од големиот пожар што избувна вчера во подрумските простории во една од зградите во штипската населба Сењак. Брзата интервенција на пожарникарите со три возила и 20 пожарникари и дежурната екипа на брзата помош спречила штета од поголеми размери и поголем број на повредени […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 10:31
•
Posted by: MK News
Олово, формалдехид, амини, отровни бои, мониста од синџирчиња, ситни делчиња од белезици, јаженца со кои може да се задуши вашето дете. Гумени топки, пластични камиончиња, кукли, багери, се само дел од листата со опасни играчки. Хемискиот состав не е единствениот на кој треба да се внимава. Механичкиот состав, физичките карактеристики и сертификатот се исто така […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Загадувањето на воздухот со прав во Скопје предминатата ноќ го достигна рекордот за оваа зима – на мерната станица Лисиче нивото на ПМ 10 честичките достигна 700 микрограми на кубен метар воздух, што е 14 пати повисоко од дозволената вредност, која во интерес на човековото здравје не смее да надмине 50 мцг/м3. Мерната станица во […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, и градоначалникот на Виница, Емил Дончев, вчера вечерта биле уапсени на граничниот премин Станке Лисичково / Делчево, откако бугарската гранична полиција во нивниот автомобил пронашла 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки патрони, калибар 22, пишува бугарската агенција „Фокус“, пренесува Плусинфо. Според информациите кои ги објавува бугарската агенција и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 19:36
•
Posted by: MK News
Во голем пожар во станбена зграда во Штип, повредени се две лица. Пожарот избувнал во подрум во зграда на улицата „Ванчо Китанов“ околу 16 часот и започнал да се шири нагоре кон становите. На терен веднаш излегле екипи на противпожарната единица и успеале огнот да го стават под конторла. Според официјалните информации, едно машко лице […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 16:31
•
Posted by: MK News
Гинекологот Панче Арсов побарал ново судење во Основен суд Велес за случајот смрт на родилката Бојанка Игнова. Тој го темели ова на вештото мислење што го добил од Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија. Овој документ бил побаран од Лекарската комора на Македонија, а во врска со случајот на родилката Бојанка Игнова, која почина на 3 […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 16:28
•
Posted by: MK News
Од утре на 6 000 правни и физички лица ќе им бидат блокирани жиро сметките поради неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, пренесува МТВ. Од вкупно 1426 баратели за долгови од 1998 до 2008 правото да ги платат на рати без камата во рок од 6 месеци, го искористиле половина од нив. “На Фондот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Последниве денови во скопската градска болница „8 Септември“ предоцна биле донесени неколку пациенти без знаци на живот, кои лекарите не успеале да ги спасат и покрај низа мерки за реанимација Заладувањето, но и честите промени на времето, освен вируси и инфекции прават подлога за зголемување на бројот на мозочни и срцеви удари кај граѓаните. Лекарите […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Ние ја спасувавме Македонија од тужба пред меѓународен суд, а вие не судите за криминал. Ова е дел од одбраната на осомничените за проневера на еден милион евра во случајот „Агент“. Обвинетите се товарат дека незаконски стекнале корист, а тие тврдат дека во случајот нема оштетена страна. За две недели Кривичниот суд ќе ја објави […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од денеска до петок попладне ќе го прекине водоснабдувањето на Берово. До прекинот, според соопштението на „Услуга“, дошло поради реконструкција на влезната водоводна инсталација во филтер станицата. – Денеска и во текот на наредните два дена ќе бидат заменети дотраените и застарени вентили и цевки за да се избегнат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2013 21:43
•
Posted by: MK News
АМСМ соопшти дека пред почетокот на превојот „Пресека“ има превртено товарно моторно возило.Патниот правец Охрид-Кичево од 19:30 часот е затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода. Сообраќајот на другите магистрални и регионални патни правци се одвива претежно по суви и чисти коловози. Појава на магла имаше на патниот правец Гостивар-Кичево, а наместа видливоста е на 60 до 70 метри. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2013 19:48
•
Posted by: MK News
Штипјанката Јусмие Јашарова (25) својата четврта рожба ја донела во автомобил. Вчера, во раните утрински часови Јашарова со сопругот тргнала кон штипската Клиничка болница, но им снемало бензин во автомобилот, поради што таткото на малата хероина ја остави сопругата во колата и побрзал да бара помош во Итната медицинска помош, јавува Тв Сител. Во меѓувреме мајката сама се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2013 16:20
•
Posted by: MK News
Избрано е идејното решение за новата концертна сала која ќе се гради на местото на сегашната Универзална. Таа ќе биде во форма на јајце, ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории. Идејното решение е на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од […]
______________________________________________________________________________________________________