Archive | Македонија RSS feed for this section

Борче Давитковски си поднесува оставка – нема решение за инцидентите во Собрание

Поради неможноста да се усогласат заклучоците во извештајот за настаните од 24 декември, претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, денеска изјави дека донел одлука да поднесе оставка. –  Комисијата е блокирана. Сакам да се повлечам од неа бидејќи фактички ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во неа е излишно. Разликите се многу големи. Мислам дека направивме […]

______________________________________________________________________________________________________

“Издржи другару мој, само издржи” – драматична борба за живот кај Демир Капија

Драматична борба за живот се случи завчера на ридот Kраставец кај Демир Kапија. Еден од членовите на археолошка екипа на пат кон пештерата  Горен Змејовец доживеал мозочен удар, пишува Дневник. Човекот кој доживеал мозочен удар на пат кон пештерата Горен Змејовец на носила бил транспортиран по козја патека, бидејќи за жал хеликоптер не можел да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Велешанка се обидела да го запали судот во Велес

Жена од велешкото Башино село утринава околу 8:30 часот се обидела да го запали Основниот суд во Велес. Како што дознава Курир, жената во шише имала бензин со кој ја испрскала вратат од судот, но во обидот истата да ја запали и да предизвика пожар била спречена од судската полиција. На ваквиот чекор таа се […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Багер потона кај Мостот на уметноста

Случајните минувачи во близината на Мостот на уметноста забележале  багер потонат во водите на Вардар, пренесе порталот Плусинфо.

______________________________________________________________________________________________________

Сметките за парно греење не паднаа ниту во Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права ја одби жалбата на скопјанецот Стрезо Стрезовски кој се жалеше дека му се нарушени основните човекови права и слободи од страна на jавната власт во земјава и Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ). Тој, како што напиша во жалбата, од Судот бараше заштита бидејќи со Правилата на РKЕ е присилен, спротивно […]

______________________________________________________________________________________________________

Висококатниците во Аеродром ја земаа првата жртва – Почина работникот повреден во експлозијата

Триесет годишниот работник од Злетово кој настрада во експлозијата на градилиштето на Џеваир висококатниците во Аеродром, синоќа почина, јавува Сител. Експлозијата се случи минатата недела, а веднаш по истата, работникот бил префрлен на одделението за интензивна него заедно со другиот повреден. Синоќа, сепак им подлегнал на повредите и починал. Неговото тело ќе биде дадено на […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите компјутери на улица – Поплава во Туристичката агенција 5? (Фото)

Утринава вработените во туристичката агенција 5 ги извадија на улица компјутерите, масите, документите и целиот инвентар од агенцијата. На фотографиите кои ни ги испрати читател се гледа како тротоарот пред седиштето на оваа позната агенција сместена во центарот на градот е преполн со канцеларискиот инвентар. Според неофицијални информации во локалот утринава имало поплава и вработените […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Змија од два метри се шетала по „Ленинова“

Змија – смок долг околу 2 метри се движел по булеварот “Ленинова“ во Струмица. Смокот е забележан во саботата пред продавницата на “Нептун“ и предизвикал паника меѓу луѓето кои се нашле во тој дел од улицата, пренесува порталот Струмицанет. Смокот се движел од влезот на градот по асфалтната улица кон центарот, а дошол и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Избегнат инцидент: Педалинка во Охрид поради дотраеност почнала да тоне (Фото)

Изнајмувањето на педалинка на охридското крајбрежје од страна на шест млади луѓе од Скопје, за малку не прерасна во сериозен инцидент кога поради дотраеност, реквизитот на длабочина од неколку метра, почнал да тоне.За среќа, оние кои биле на педалинката, и покрај тоа што немале појаси за спасување ,  останале присебни и успеале  да ја довозат […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Голи девојки на „Фејсбук“ страната на Европската епархија

Порнографски фотографии денеска попладне беа објавани на „Фејсбук“ страната на Европската епархија на Македонската православна црква која ја раководи Владика Пимен. Foto – Netpress

______________________________________________________________________________________________________

Еко такса за белата техника од 2015-та – фрижидер би можел да поскапи и до 3.000 денари

Во Македонија од  1 јануари 2015 година се воведува еко такса за увоз и продажба на електричните апарати, која според увозниците, ќе придонесе да се зголемат цените на апаратите за домаќинство. Таксата е согласно европските регулатива, а се пресметува врз основа на видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот. Бојан Лалиќ од „Техномаркет“ за Дневник вели […]

______________________________________________________________________________________________________

Токсичен отпад фрлен на границата со Македонија

Вестинет тврди дека најмалку 2.000 тони токсичен отпад од Србија требало да биде однесен во Кина преку Хрватска, Грција и Романија, но не се знае каде завршил. Истрагата е во тек Шлепери со отровни материи кои предизвикуваат леукемија завршиле на територија меѓу Србија и Македонија, како и во близина на пристаништето во Риека, пишува српскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Самарас му кажа НЕ на Груевски: Средба нема да има

Весникот „Дневник“ впишува дека пристигнал одговорот на грчкиот премиер Андонис Самарас на писмото кое пред дваесетина дена му го испратил македонскиот премиер Никола Груевски. Kако што јавува „Дневник“, во одговорот Самарас ги одбива средбите со македонската страна на највисоко ниво со образложение дека немало потреба од нив бидејќи Грција не била таа што ги блокира […]

______________________________________________________________________________________________________

Лустрациска: И Божин Павловски кодош

Кодош бил и академикот што неодамна си поднесе оставка од членството во МАНУ и во Друштвото на писатели. Ваква одлука донесе денеска Комисијата за лустрација, која врз основа на проверка на фактите што ги имала на располагање утврдила дека академикот бил соработник на тајната полиција во периодот на комунизмот. Одлуката е донесена со 8 гласови […]

______________________________________________________________________________________________________

Патничкиот воз Кичево-Скопје удрил во кран – 3 повредени

Патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во машина со кран која работела покрај пругата. Од ударот повредени се три лица кои по укажаната лекарска помош во Гостиварската болница се пуштени на домашно лекување. Во несреќата повредени се помошникот на машиновозачот, 48-годишниот З.А.  од Скопје, управувачот на работната машина 28-годишниот Д.Н. од Охрид  и скопјанецот А.Ц. (63) кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Од декември директна авионска линија Скопје -Берлин

Од декември македонските граѓани ќе може да летаат со авион директно до Берлин. Редовната линија ќе се воспостави од 20 декември од аеродромот Александар Велики два пати во неделата во понеделник и петок, а ќе ја опслужува „Флај Германија“. Ова е договорено на денешниот состанок на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со претставници […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во близина на касарната Илинден

Пожар, кој најверојтно бил подметнат, е забележан денес околу 13 часот во близина на касарната Илинден, дознава Курир. Според информациите до кои дојдовме опожарена била сува трева, а пожарот навлегол и во касарната и опожарил околу 100 метри исто така сува трева. Од полицијата ја потврдуваат информација и додаваат дека во пожарот нема повредени лица, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ништо од пушењето во затворени простории – не помина предлогот пред комисијата

Предлогот на пратеникот Ивон Величковски да се либерализира законот за заштита од пушењето така што на угостителските објекти ќе им биде дозволено да се поделат на делови во кои ќе биде дозволено пушењето и на делови во кои ова нема да се толерира, не наиде на поддршка во Комисијата за здравство во Собранието, пишува Плус […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1