08/03/2013 22:15
•
Posted by: MK News
Двајца млади македонци го развиореа македонското знаме на натреварот меѓу Лацио и Милан кои се одржа на познатиот Сан Сиро во саботата. Повеќе фотографии на Супер Спорт
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 18:06
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се договорија. на престојните локални избори ќе настапат како коалиција. Двата политички блока ќе го поддржат др Владо Кочоски кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, јавува ТВМ.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 17:40
•
Posted by: MK News
И по девет години, уште ми чука срцето, кога ќе слушнам “Внимание“ на сирената се молам да нема луѓе на местото што гори, бидејќи не сакам ни да помислам дека може да има човечки жртви.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 17:31
•
Posted by: MK News
Најголем дел од граѓаните, покажувајќи висока свест, ги послушаа и почитуваа апелите на Министерството за внатрешни работи, верските заедници и невладините организации и не се приклучија кон протестите кои се организираа преку социјалните мрежи.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 15:22
•
Posted by: MK News
Денеска меѓу две групи од младите демонстранти изби тепачка меѓу поликлиниката Бит Пазар и џамијата Јаја Паша, поточно кај Детелинка. Поголема група се обиде да спречи група деца да фрлаат камења по полицијата, по што изби тепачка меѓу противниците. Полицијата мораше да интервенира за да ја раздвои групата. ФОТО:Плусинфо
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 14:15
•
Posted by: MK News
Стотинатата малолетни протестанти се запрени пред стоковната куќа “Мост“ во непосредна близина на надвозникот. Малолетниците беа запрени од страна на специјалната единица на полицијата и не дозволуваат движење на толпата кон мостот Гоце Делчев. Откако беа спречени во обидот да се пробијат, малолетниците избегнаа назад кон Мавровка, а специјалците останаа покрај нив. Некои од нив по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 13:18
•
Posted by: MK News
Пред Јаја пашината џамија во моментов има стотина малолетници кои стојат на улицата и го блокираат сообраќајот, пишува Нетпрес. Според порталот останатите верници си заминале веднаш по молитвата. Полицијата денеска подготвено ги чекаше демонстранти. Полициските екипи беа распоредени на клучните крстосници и локации, а голем број ја обезбедуваат и зградата на Владата. Од МВР изјавиле дека […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 08:45
•
Posted by: MK News
После четиригодишна пауза во реализацијата на проектот за изградба на нова зграда за театарот „Центар“ во Скопје идејата повторно добива позитивен импулс. Министерството за култура склучи договор за изработка на основен проект за планираниот објект Македонски народен театар – Театар Центар со „Монтимпекс – Инженеринг“ од Скопје. За приготвувањето на основниот проект се одвоени 28.315.162 […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Во Парламентот на Канада е регистрирана Пратеничката група за пријателство со Македонија, информират од Амбасадата на Република Македонија во Отава. – Регистрацијата на Македонската група се случи по историскиот конститутивен состанок, на кој присуствуваат врвни имиња на канадската политика и парламентарна демократија. Македонската група стартува со дваесет членови од трите национални политички партии на Канада, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 22:20
•
Posted by: MK News
Доколку ми ја дадете вашата доверба и ме изберете за градоначалник ќе работам за едно евро годишно, а градоначалничката плата ќе им ја подарам на најуспешните студенти од Дебар, ова на вечерашната промоција го истакна Ибрахим Колари, незвисен кландидат за градоначалник на овој град, објави порталот економски Колари, три децении живее и работи во САД, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 22:07
•
Posted by: MK News
Со фалсификувани потписи, тројца членови на избирачкиот одбор во Прилеп биле кандидрани како советници на листата на Народното движење на Македонија, објавува Вест. Според весникот наставничките Славица Велеска – Мирческа, Билјана Тромпеска и Јасмина Алампиоска никогаш не се согласиле да бидатдел одлистата на НДМ
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 21:38
•
Posted by: MK News
За оние кои немаат Алсат или пак не можат да го следат интервјуто со превод – Ова е линк на коиј можат во живо да го следат тв дуелот – Стојанче Ангелов VS Талат Џафери со македонски превод на говорењето на министерот Талат Џафери кои зборува на албански јазик. http://web.maxtv.mk/
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 20:21
•
Posted by: MK News
Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот кратки анимирани видеа изработени во рамки на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“, чија цел е да потсети на важноста на формалното и на неформалното образование. Како и претходните две – „Брзина на звук“, инспирирано од физиката, и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 19:25
•
Posted by: MK News
Вработени во општинската администрација во општина Карпош, членови на СДСМ биле отпуштени од работа, реагира опозициската СДСМ. „СДСМ остро ја осудува постапката на бркање на вработени во администрацијата на Општина Карпош од страна на господинот Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник од Српската напредна странка. Ова нема никаква врска со демократијата и локални избори, туку претставува […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 19:06
•
Posted by: MK News
Новиот македонски министер за одбрана Талат Џафери, пред да дојде на оваа функција, бил осуден на казна затвор, дознава Балкан Инсајт. Според конечната пресудата од 2011 година, до која дојде Балкан Инсајт, судот во Тетово одлучил, тогаш пратеникот Џафери, да не го прати во затвор, доколку во рок од две години, по правосилноста на пресудата, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 14:01
•
Posted by: MK News
Управата за заштита на културно наследство почна со работа на отоманскиот објект, на отоманската кула која е поврзана со византискиот дел, a ќе се создаде и простор за музеј на отоманскиот период, пренесува Република.
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 13:46
•
Posted by: MK News
По повод 8 Март ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар на сите припаднички на понежниот пол им го честита празникот со бесплатно паркирање во текот на целиот ден на сите паркиралиштата на јавното претпријатие. Вработените на јавното претпријатие, пак, ќе приредат и „слатко изненадување за сите припаднички на понежниот пол кои ќе паркираат на паркиралишта на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2013 13:25
•
Posted by: MK News
После бурата од насилство низ улуците на главниот град Скопје, МВР превзема нови мерки на следење на социјалните мрежи кои потикнуваат на нови протести и насилства.
______________________________________________________________________________________________________