05/03/2013 11:20
•
Posted by: MK News
Советот на Град Скопје го одобри проектот на градскиот татко Коце Трајановски за целосно финансирање на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), проект чија цел е намалување на метежот и на загадувањето во главниот град.
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2013 11:08
•
Posted by: MK News
Археологот Виктор Лилчиќ, во првиот том од едицијата за старите македонски градови, вели дека сегашното битолско село Црнобуки се наоѓа на градот каде што била родена бабата на Александар Македонски, Евридика
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2013 10:16
•
Posted by: MK News
Познатиот европски циркус „Балкански“ пристигна во Скопје. Циркуските шатори веќе се монтираат во близина на спортската сала „Борис Трајковски“, а првата престава според најавите ќе биде на 15 март, со почеток во 17 часот. Низ Скопје веќе се поставени рекламните табли за циркусот, а преставите ќе се одржуваат два пати во денот, во 17 и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Криминалните активности ги издале Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои вчера беа уапсени од косовската полиција. Иако во Македонија се бараа за петкратното убиство кај Смилковското Езеро тие ниту во Косово не седеле мирни.
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Изборната химна на ВМРО-ДПМНЕ ја изведуваат Каролина Гочева, Наум Петрески, Елена Ристеска, Миле Кузмановски, Калиопи, Тијана Дапчевиќ и Владо Јаневски. Истите овие пејачи се појавија на митингот на владејачката коалиција во Охрид, каде ги забавуваа симпатизерите на коалицијата „За подобра Макеоднија”. На митингот на СДСМ во Струмица, според информациите се појавиле Ленче Кукиќ и групата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро ќе почне од почеток, кога првообвинетите за убиството кај Смилковското езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани во Македонија од Косово, велат од Кривичниот суд.
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески вели дека е побаран нов подетален извештај за владата да процени дали идејата за пловидба на трговски бродови под македонско знаме ќе донесе придобивки за економијата и имиџот на земјата, јави Сител.
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 21:53
•
Posted by: MK News
Албанската младина во петок, 8 март, повторно ќе протестира во Скопје. Како што најавуваат на социјалните мрежи протестот ќе започне пред Јаја Пашината џамија во Скопје по петочната молитва.Причина за новиот протест како што велат се апсењата на голем број на демостранти од протестите во саботата и поради претепаните момчиња. На последниот протест имаше запален […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 21:33
•
Posted by: MK News
-Кога дојде инвеститорот на средба со него, Ацо подзаспал на средбата, па ќе паднел од масата, на што инвеститорот го придржал и го разбудил да не падне од масата, истакна Груевски. Премиерот Никола Груевски на денешниот митинг во Охрид, говорејќи пред големиот број присутни граѓани кои дојдоа да ја слушнат програмата која се нуди за […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 17:24
•
Posted by: MK News
По нивното апсење, вчера околу 19 часот, бил извршен претрес во становите во населбата Сани Хил во Приштина.
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 14:38
•
Posted by: MK News
Косовската полиција ги уапсила обвинетите во случајот Монструм Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Македонското МВР врз основа на отисоци утврдило дека станува збор за лицата кои во земјава се бараат за пектратното убиство кај Смилковското Езеро
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 12:21
•
Posted by: MK News
Хашкиот трибунал да се изјасни позитивно по барањето за предвремено ослободување на Јохан Тарчуловски и тој многу бргу да се врати во Македонија, очекува неговиот адвокатски тим.
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 10:40
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да излезе со детални информации во врска со апсењето и екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осомничени како директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Косовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот. Полицијата од Косово ја известила […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Во лабораториите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје веќе се произведуваат јаглеродни наноцевчиња, попознати како материјалот на иднината. Неговите фасцинантни карактеристики меѓу кои цврстина која е 1000 пати поголема и маса која е за 6 пати помала од челикот го прават идеален кандидат за материјал на иднината.
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров е кандидат на оваа партија во трката за градоначалник на скопската општина Карпош.
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2013 23:20
•
Posted by: MK News
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска разговарала со косовските власти за апсењето на двајцата осомничени дека се директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Двајцата беа уапсени денеска од косовските власти околу 19 часот. Засега нема информации дали полицијата ги привела по основ на меѓународната потерница или пак за […]
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2013 23:14
•
Posted by: MK News
Веб сајтот vmro-dpmne.org.mk, денеска хакиран. до пред некое време на сајтот стоеше порака од Анонимуси кои наводно стојат зад хакерскиот упад во сајтот на владеачката партија. Сајтот сега не може да се отвори, но изгледаше вака фото – тхинк.мк
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2013 16:30
•
Posted by: MK News
Истражен судија викендов ги сослушува приведените од петочниот протест пред владата. Според информации од кривичниот суд, вчера биле сослушани 11 мина осомничени. Одземен им е пасошот и ќе се бранат од слобода, јави канал 5
______________________________________________________________________________________________________