Archive | Македонија RSS feed for this section

Заев: Државјанството македонско, не е исто на албански „маќедонис“ и „македоник“

Се бара техничка формулација околу државјанството, да се задржи идентитетот во државјанството за Македонците, но да не се почувствуваат Албанците, Турците Србите и другите обесправени. Ова го изјави премиерот Зоран Заев.– Во делот на процесите на преговорите учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките. БЕСА е принципелно поставена во однос на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Канческа-Милевска ги знае сите детали, не знам дали ќе гласа

Има информации дека пратеничката Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени, дали е тоа точно и дали го загрозува двотретинското мнозинство, е едно од прашањата на кои премиерот Зоран Заев одговараше. – Не знам за ниту еден пратеник. Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е координатор на новата пратеничка група и таа е длабоко влезена во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Министерот Филипче ја вакцинираше внуката

По скандалот со вакцините за морбили, денеска министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави фотографија дека ја вакцинирал внуката Илина. – „Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, […]

______________________________________________________________________________________________________

Љубчо Георгиевски: БЕСА не се поголеми патриоти од останатите албански партии

Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24, говореше за актуелните уставни измени во Собранието. – „Беса не се поголеми патриоти ни од ДУИ, ни од ДПА, ни од другите албански и верувам дека ќе надвладее разумот и конечно ќе се тргне да се реши овој проблем. Луѓето […]

______________________________________________________________________________________________________

Секогаш нека ви биде наполнет телефонот – препораки ако одите на зимување

Од Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачуваат континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација. Оттаму информираат да не се тргнува на пат со неисправно возило и без […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев на средба со осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ – седницата преместена за 15 часот

Седницата за финалната фаза од уставните измени требаше да започне денеска во 13 часот, но наместо тогаш 75-та седница ќе стартува во 15 часот. Седницата е одложена поради средба на премиерот Заев со осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и со пратеници на БЕСА на касами, пишува А1он. За денеска е најавен и протест пред Собрание.

______________________________________________________________________________________________________

УЈП: До 15. месецов да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ

Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење стопанска дејност повисок од милион денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15. месецов, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП). Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе продолжи снегот и ладно време – Во Маврово снежната покривка 73 сантимери, на Попова Шапка 40

Врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и над 20 см. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната […]

______________________________________________________________________________________________________

Хеленик Петролеум на суд бара отштета од 32 милиони долари од државата

Македонската Влада почнува процес на преговори со цел цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на Буџетот на Република Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор со Хеленик Петролеум за отшетно побарување поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија за прв пат во историјата се пласира на Европско првенство во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација за прв пат ќе учествува на Европско првенство откако вчера со 3-0 ја победи Унгарија. Историски успех за нашата репрезентација која се пласираше на континенталниот собир кој за прв пат ќе биде со 24 селекции. Првиот сет го добивме со 25:21, во вториот триумфиравме со 25:20 и третиот со 25:21 по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Северна Македонија можеби е на Заев но моја татковина е Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати до граѓаните и говорот го објави на Фејсбук. Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Македонија е втурната од страна на премиерот Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промената на Уставот со цел промена на уставното име се доаѓа не по демократски пат, туку преку акт […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев се огласи на Фејсбук: Ова е патриотизам

Заев се огласи на Фејсбук. Имавме инклузивен процес кој треба да заврши со двотретинско гласање, граѓаните и светот очекуваат државничка одлука. Им благодарам на пратениците од сите партии и пратенички групи, од владејачката коалиција, од БЕСА и од Алијанса на Албанците, на 8-темина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и на пратеникот Панчо Минов, кои дадоа придонес во […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца приведени, протестот пред Собранието продолжува напладне

По завршувањето на седницата за уставни промени, полицијата приведе двајца учесници на протестите поради нарушување на јавниот ред и мир, потврдија од МВР . Неофицијално двајцата се обиделе да ја прескокнат оградата и да се упатат кон Собранието.Тие се одведени во полициска станица, а по расчистувањето на случајот ќе им бидат поднесени и пријави. Протестите […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Џиновски компании чекаат да го смениме името за да инвестираат

Премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека 2019 година ќе биде година на економски раст, особено ако помине процесот на уставните измени. И Грција сака да се реши овој спор. И ним им тежи. Алтернатива друга за ЕУ и НАТО нема. Јас не ни сакам да помислам дали ова ќе успее, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Мнозинство се уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени се уште нема, изјави вчера премиерот Зоран Заев во интервју за Сител и додаде дека тоа ќе се знае на самиот чин на гласање. Сепак изрази верување дека целиот процес ќе помине и во Македонија, но и во соседна Грција, бидејќи двете земји сакаат конечно да се стави […]

______________________________________________________________________________________________________

Касами: Без да ни се исполнат барањата нема глас за уставните измени

Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова го изјави лидерот на Беса, Билал Касами во дебатнион магазин „Click Plus“ на ТВ21. Условите на Беса се да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија. Денес попладне почна […]

______________________________________________________________________________________________________

Отворена првата „Родителска куќа“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја отвори „Родителската куќа“, која е наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница. Родители кои не живеат во Скопје, каде се наоѓа единствениот центар за лекување на малигни заболувања кај деца. – Среќен сум што со „Родителската куќа“ ќе им помогнеме на родителите што не […]

______________________________________________________________________________________________________

Томислав Тунтев нов генерален директор на АЦВ

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата генерален директор на АЦВ од денеска официјално ја презема Томислав Тунтев. Како што соопшти АЦВ, на примопредавање на функцијата досегашниот директор, Горан Јандреоски го информирал Тунтев за досегашните резултати на Агенцијата постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1