16/03/2025 15:27
•
Posted by: MK News
Во трагедијата во кочанската дискотека, меѓу загинатите, е и Александар Ефремов, талентиран, млад фотограф од Штип.Ефремов кој ги следел настапите на групата ДНК низ Македонија. Неговите пријатели, меѓу кои и пејачката Антониа Гиговска, во неверување, се простуваат од него преку социјалните мрежи.
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 15:17
•
Posted by: MK News
Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен. Во Клиничката болница во Штип згрижени се 39 […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 15:12
•
Posted by: MK News
Андреј Лазаров, членот на ФК Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница по синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Скопскиот тим претходно објави дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров подлегнал на повредите, заради изгореници и вдишување на чад. Имаше 25-години. Од редовите на Шкупи ја потврдија трагичната […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 15:05
•
Posted by: MK News
Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициски службеник од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во дискотеката, во која изби пожарот. -Искрено сочувство до неговите […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 15:00
•
Posted by: MK News
До 24 март важела лиценцата на приватната дискотека во Кочани, во која рано утрото искри од употребени пиротехнички средства го зафатиле таванот кој бил од лесно запалив материјал и предизвикале пожар во кој загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Според информациите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се менувале сопствениците, но приведениот актуелен сопственик, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 14:44
•
Posted by: MK News
Директорката на директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова даде првична изјава по трагедијата која се случила ноќеска во ноќниот клуб.Таа вели дека првиот повик го добила во 2:48 часот, и болницата била веднаш мобилизирана. „Првиот повик беше во 2:48 часот. Се мобилизираше цела болница, и почнаа да ги носат првите пациенти. Бидејќи имавме помал […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 14:38
•
Posted by: MK News
Младиот струмичанец Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу загинатите. Веста ја потврди братот Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 14:32
•
Posted by: MK News
Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. На Детска […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 11:35
•
Posted by: MK News
Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 10:42
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција информираше дека вкупно 118 лица се хоспитализирани во различни болнички капацитети по трагедијата во Кочани. Тој нагласи дека сите пациенти добиваат неопходна медицинска грижа и дека здравствениот систем е целосно мобилизиран. „Нема пациент кој не е згрижен, сите капацитети се ставени во функција. Ќе дадеме сè од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 09:56
•
Posted by: MK News
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал. Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба. „Според првичните […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 08:29
•
Posted by: MK News
Телевизија СТАР објави видео снимено од присутни во дискотеката во моментот на настанување на пожарот. Снимки од кобниот настан со употребените пиротехнички средства кои предизвикаа пожар во кочанската дискотека Пулс ноќеска во 3 часот по полноќ Полицијата ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 08:11
•
Posted by: MK News
Екипата на ТВ 21 која е на пат накај Кочани јавува дека забележале повеќе амбулантни возила упатени кон Скопје. Според информациите дел од повредените биле згрижени во штипската болница, но дел биле итно пренесени во Скопје. Слободен Печат јавува дека десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ се наоѓаат пред […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 07:58
•
Posted by: MK News
Најмалку 50 луѓе се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт, потврдија од МВР за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информаци. Кон Кочани се упати и премиерот Христијан Мицкоски. Според неофицијални информации полицијата ги приведува […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 07:15
•
Posted by: MK News
Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани . Засега се уште нема официјални информации за бројот на настрадани во пожарот кој се случил за време на концерт во дискотека во Кочани. Од Обвинителството велат дека бројот на жртви се уште се утврдува. „ Сите надлежни служби, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2025 06:50
•
Posted by: MK News
Ноќеска во Кочани избувна пожар во дискотека за време на концерт при употреба на пиротехнички средства. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе. Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2025 16:30
•
Posted by: MK News
Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се 7 дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2025 22:33
•
Posted by: MK News
Кривичниот суд денеска попладне го соопшти своето решение со кое ја преиначил претходната одлука во врска со мерката за притвор на сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Тој е осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата. Имено, наместо мерката за куќен притвор која беше одредена по првото судско одлучување, […]
______________________________________________________________________________________________________