17/10/2024 16:22
•
Posted by: MK News
Во акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и на МВР од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Групата се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи ги прикривале со перење пари и други приноси од […]
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2024 20:48
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд починал за време на предавања на Школата за млади лидери во Охрид, потврди Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, кој е организатор на Школата. На Салмонд, 69-годишен, му се слошило за време на предавањата, по што починал. Информацијата ја потврдија од Министертвото за внатрешни работи. „Во СВР Охрид денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2024 19:15
•
Posted by: MK News
Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дозна дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише. Детето веднаш ја информирало наставничката, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2024 12:58
•
Posted by: MK News
На 10.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. На 11.10.2024 во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2024 12:53
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со полициски екипи ги започна увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории. Од МВР информираа дека претходно од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, а пристапот до објектот се врши […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2024 12:50
•
Posted by: MK News
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порачувајќи дека народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2024 12:46
•
Posted by: MK News
Во една од најважните одлуки во последните години, Уставниот суд на Северна Македонија го укина моделот за етничко вработување во јавната администрација, кој беше воведен како дел од Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Овој модел, кој имаше за цел да ги заштити правата на етничките заедници и да обезбеди пропорционална застапеност, долго време беше […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2024 12:44
•
Posted by: MK News
Малите и средни претпријатија во Северна Македонија ќе можат да користат значителни средства од новиот заем што го обезбеди Унгарија, а кој е најавен за почетокот на 2025 година. Оваа иницијатива доаѓа како дел од билатералната соработка меѓу двете земји и има за цел да ги поттикне инвестициите и економскиот развој, особено во секторите каде […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2024 19:05
•
Posted by: MK News
Пожарникар кој за малку не настрада за време на пожарите летоска во Македонија, добил опомена пред тужба од болницата во Штип. Болницата му бара 1200 денари. Александар Горгиевски беше хоспитализиран откако колегите го најдоа онесвестен при гаснењето на пожарите и само нивната брза реакција и помошта од доброволци кој го носеле по непристапен терен до […]
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2024 15:56
•
Posted by: MK News
СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“, кои беа извршени на 20.08.2024 на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2024 16:20
•
Posted by: MK News
Трговецот Васил Ефтимов е убиеното лице кај паркингот пред ТВ „Мавровка“, дознава ТВ Алсат. Станува збор за управител на фирмата Мителмонт за продажба на делови од водоводна опрема. Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2024 13:16
•
Posted by: MK News
На паркингот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје се случи убиство при што едно лице беше застрелано и почина на лице место. Според првичните информации, жртвата била нападната со огнено оружје од страна на непознати сторители, кој веднаш по пукањето побегнале од местото на настанот. Убиството се случи околу 10 часот на паркингот кај Мавровка. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2024 12:59
•
Posted by: MK News
По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело. Поради сериозноста на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2024 14:13
•
Posted by: MK News
Девет млади лица биле приведени завчера при претрес на камп приколка во автокамп во Охрид во која полицијата пронајде дрога. Како што информираат од СВР Охрид полицијата претресот го извршила на 22 јули во 23.45, при што биле приведени Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје. „При претрес во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2024 13:30
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик. Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2024 15:19
•
Posted by: MK News
Голем проблем со Blue Screen of Death (BSOD) на Windows денес остави илјадници компјутери офлајн. Пропустот зафати банки, авиокомпании, телевизии, супермаркети и многу други бизниси низ целиот свет. Ова е сериозен проблем со оглед дека е период на летни одмори и многу од граѓаните се во странство, а може да се соочат да не им […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2024 16:25
•
Posted by: MK News
„ Одеднаш се слушна тресок и падна голем дел од плафонот во скопски ГТЦ и тоа во просторот каде обично минуваат граѓани“, велат очевидци кој се затекнале во ГТЦ во тој момент. За среќа во моментот на падот немало никој во тој дел, во спротивно би биле повредени. Паднатиот дел е пред поранешната слаткарница Египет […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2024 14:11
•
Posted by: MK News
Дежурен лекар од болницата – хирургија во Охрид не пружил помош на девојче кое со повредена рака и згмечен прст, од страна на брза помош била итно препратена на хирургија таму да ја прегледаат и санираат повредата. Кога стасала таму вратите биле затворени и со голема болка звонела неколку пати на звончето за да и […]
______________________________________________________________________________________________________