26/10/2018 22:57
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го достави најавениот предлог Закон за амнестија за настаните од 27 април, соопштија од партијата. Според портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски, веќе во понеделник ќе биде поднесен Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите лица нормално опфатени по скратена постапка. Мислам дека веќе во понеделник […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:42
•
Posted by: MK News
Осуммината опозициски пратеници, кои гласаа за пристапување кон уставни измени, попладнево до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека во иднина ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група, пишува Фактор.мк Претседателот на Собранието, Џафери изјави дека добил поединечни известувања од овие пратеници дека во иднина во Парламентот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:38
•
Posted by: MK News
Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратиле допис до грчкиот веб портал „Иефимерида“, кој овој месец објави информации дека грчката влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари. Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:36
•
Posted by: MK News
Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МКД.мк вели дека во контекст на рационализација на трошоците во партијата размуслуваат и за продажба на зградата, во јавноста позната и како Бела палата. – Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:24
•
Posted by: MK News
Под влијание на невообичаено топол воздушен бран кој уште во текот на денов ќе продре од југ, во текот на следните денови ќе имаме невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните, истите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, објави метеорлогот Славчо […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:20
•
Posted by: MK News
Пожар во стан полн со смет во близина на Транспортниот Центар во Скопје ги вознемири соседите и случајните минувачи. Отпадот кој со години сопственикот на станот го собирал дома ја отежнуваше работата на пожарникарите. Во станот биле собрани купишта алишта, стара постелнина, пластични гајби и шишиња. Утрово околу 10.30 минути случаен минувач го алармирал првиот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:16
•
Posted by: MK News
До 8 ноември Груевски е повикан да се јави во затворот Шутка за издржувањ на казната за случајт Тенк. Упатниот акт за издржување на казната екс премиерот го доби во скопскиот кривичен суд каде беше дојден на рочистето за случајот Траекторија. Од скопска единица соопштија дека упатниот акт му е врачен лично по претходно неуспешен […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 18:14
•
Posted by: MK News
Владата се уште се координира со пратениците во подготовката на нацрт амандманите за промена на уставот со цел промена на уставното име. Владиниот портпарол денеска не сакаше да прецизира, кога нацрт амандамните би можеле да се најдат во Собраниска процедура, иако партиски извори од власта очекуваат, процедурата да почне уште за време на викендот или […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 14:58
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Република Македонија се на нозе во знак на хуманоста. Се организираат бројни активности и акции, се превземаат за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Низ цела држава се поставуваат штандови, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 14:15
•
Posted by: MK News
На 13 февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија, Марија Тодева од Македонија се породила во авионот. Тоа бил еден од првите такви случаи во историјата на воздушниот сообраќај. Марија имала само 18 години. Во осмиот месец од бременоста, се качила на авионот што летал од Белград до далечниот Сиднеј. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 14:05
•
Posted by: MK News
Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека мнозинството може да иницира импичмент за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, но прво мора да се види расположението на осумте пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ уставните измени во петокот, пренесува Алсат-М.„За да се усвои барањето за импичмент на претседателот потребни се две третини од гласовите што во моментот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 14:00
•
Posted by: MK News
Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири, кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд. Тој, исто така, е биолог кој работел на вештачењето на „опел омегата“. Од 2007 година е директор […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 13:44
•
Posted by: MK News
Седумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се исклучени од партијата откако гласаа за потребата за уставни измени во Собранието, во иднина во законодавниот дом ќе функционираат како пратеничка група. Ова како што неофицијално дознава Плусинфо, било договорено на синоќешниот состанок на пратениците на кои, како што ни потвруваат, ќе им се придружи и пратеничката Владанка Авировиќ […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 13:13
•
Posted by: MK News
Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе има значително затоплување на времето па така во следните денови температурите ќе бидат натрпосечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност. Во недела доцна попладне и навчер особено на југоисток ќе има […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 13:00
•
Posted by: MK News
Идната 2019. година ќе биде полна со празници, особено со продолжени викенди. Имаме седум продолжени викенди и тоа за Божиќ, Велигден, 24 Мај, 11 Октомври, 8 декември и Велики петок и Духовден. Ова е листата: За сите граѓани на РМ 1 Јануари (вторник), Нова Година 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 12:48
•
Posted by: MK News
Со исказ на вешто лице вработено како биолог во лабораторија при МВР денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро од 12 април 2012 година. На почетокот од рочиштето обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 12:44
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го добил упатниот акт за издржување на затворската казна за случајот „Тенк“. Според информациите, на 8 ноември тој треба да се јави во затворот „Шутка“ во Скопје за да почне да ја издржува затворската казна од две години, откако скопска Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2018 14:19
•
Posted by: MK News
1 ТВ во интервју со Вице Заев го прашува за негов коментар на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во која ја честиташе „новата криминална коалиција во РМ Зоран Заев-Вице Заев и Сашо Мијалков“? како и дали планира да преземе нешто околу овие сериозни јавни прозивки. -Барам кажаното во емисијата да го докаже на начин […]
______________________________________________________________________________________________________