Archive | Македонија RSS feed for this section

Еве што пишуваше на фејс претходно Александрова која гласаше за уставните измени

Емилија Александрова е член на ВМРО-ДПМНЕ, родена во Берово. Има завршено Факултет за безбедност, на Универзитетит „Св.Климент и Наум Охридски“. Таа беше едната од осумте лица од опозицијата кои гласаа за уставните измени во собранието.

______________________________________________________________________________________________________

Денес дожд, синоптичарите најавуваат снег за утре

Од УХМР известуваат дека денес претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален дожд. Од недела попладне ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен […]

______________________________________________________________________________________________________

Бејли со честитки за македонскиот Парламент по синоќешното гласање за уставни измени

По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со две третинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, како што налага Договорот од Преспа, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли. „Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Ова е црн петок за Македонија

Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија , рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на прес конференција по изгласувањето на потребата од донесување на Уставните измени. Мицкоски рече дека биле ветувани пари на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ , дека било нудено ослободување од обвиненијата. Наместо Собранието да […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан, Столтенберг и Ципрас се огласија веднаш – честитки од Европа по гласањето во македонското Собрание

На само еден час откако во македонското Собрание беше донесена одлуката за отворање на процесот на уставни промени, на социјалните мрежи постојано стасуваат честитки од цела Европа и од регионот. Меѓу првите, се огласи грчкиот премиер Алексис Ципрас. „Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех“, му порача вечерва грчкиот премиер Алексис Ципрас на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Се ветувало ослободување од обвиненијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција изјави дека премиерот, Зоран Заев и неколкумина околу него го изневерија народот. Тој нагласи дека 8 луѓе од опозицијата го изневериле народот. Седум луѓе од оние кои гласаат, а се дел од неговата партија, веднаш ќе бидат исклучени од партијата. Се ветувало ослободување од обвиненијата, вели Мицкоски. […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: им ја гарантираме сигурноста на пратениците и нивните семејства

Еден час по гласањето во Собранието, премиерот Заев оцени дека се случил историски ден за Македонија и најави натамошни обиди за национално обединување и помирување „Денеска Собранието следејќи ја волјата на граѓаните овозможи да зачекориме низ отворените порти на ЕУ и НАТО“, рече Заев. Патот кон ЕУ и НАТО тукушто започна, рече тој, најавувајќи дека […]

______________________________________________________________________________________________________

По итна постапка вечерва исклучени од ВМРО ДПМНЕ пратениците кои гласаа ,,ЗА,,

пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ…гласаа ЗА уставни промени. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски вечерва објави дека на итна седница вечерва овие пратеници се исклучени од партијата

______________________________________________________________________________________________________

Тикви со расол е готово, има уште шест фази

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил се огласи по одлуката на Собранието да го менува Уствот. И Џоле вака мислеше коа ја даваше аболицијата… 😉 Дека е готово! Тикви со расол е готово. Има уште шест фази 😉 Одлуката нема и не може да има правна сила. Таа е обична ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА. Собрание не […]

______________________________________________________________________________________________________

Рамчиловиќ признава: Гласавме ЗА, но со одредени барања и услови кои и се познати на јавноста

Зекир Рамчиловиќ е еден од 8-те пратеници кои гласаа за потребата од Уставни измени, а веднаш по гласањето, го испрати ова соопштение, додуше не лично, туку преку здружението АВАЗ кое го пренесуваме во целост: – Република Македонија се наоѓа во исклучително тежок период. Најголемата одговорност за ваквата ситуација ја има власта предводена од СДСМ која […]

______________________________________________________________________________________________________

(Во живо) Прес-конференција на Заев по гласањето за уставните измени

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција откако Собранието ја изгласа одлуката за пристапување кон уставните измени.

______________________________________________________________________________________________________

Група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ испорачаа свои услови за да гласат за уставните амандмани

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворањето на Уставот ја условија својата ната,ошна поддршка на уставните амандмани со неколку услови. Соопштението именувано „Со верба во Македонија и нејзината иднина“ групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги поставија следните услови. „Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет. […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски закажа прес конференција точно на полноќ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски точно на полноќ ќе се обрати на граѓаните на Република Македонија. Од својот штаб, лидерот на најголемата опозициска партија ќе зборува по повод одлуката на Собранието да констатира уставни измени со вечерашното гласање.

______________________________________________________________________________________________________

Заев ќе се обрати на јавноста во 23:10 часот

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, од Собранието на Македонија во 23:10 часот, ќе им се обрати на граѓаните на Македонија по повод вечерашното изјаснување на пратениците во Собранието, со што беше донесена одлука за пристапување кон измени во Уставот, и со тоа прифаќање на договорот од Преспа.

______________________________________________________________________________________________________

Кои пратеници од ВМРО ДПМНЕ гласаа “ЗА”

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени. 80 пратеници, меѓу кои и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ…гласаа ЗА уставни промени. Другите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, станаа од своите места за да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Пратениците од опозицијата кои излегоа на слобода гласаа „За“

Во Собранието вечерва имаше и поединечно гласање. „За“ гласале пратениците од власта, но и дел од опозицијата. „За“ гласале Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Лилјана Поповска, Елизабета Канческа Милевска, и други. Со 80 гласа „За“ власта обезбеди двотретинско мнозинство. Со промените на Уставот ќе се отвори пат за спроведување […]

______________________________________________________________________________________________________

Проверката на гласовите на пратениците поединечно го потврди двотретинското мнозинство

Проверката на гласовите на пратениците поединечно го потврди двотеретинското мнозинство 80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. За потребата од уставни промени гласаа 80 пратеници од присутните 117 пратеници. 39-мина беа против. Пратениците првично гласаа електронски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието со 80 гласа „За“ одлучи да пристапи кон менување на Уставот

По цел ден чекање на почетокот на собраниската седница за уставни измени, вечерва владејачкото мнозинство успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за предлогот на Владата за потребата од уставни измени. Пратениците гласаа со 80 гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“ од присутни 117 пратеници. Од опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „за“ гласаа Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1