Archive | Македонија RSS feed for this section

Десет деца, 10 возрасни и неподвижна старица евакуирани со чамец во Стајковци

Во попладневните и вечерните часови на 06-08-2016 подрачјето на град Скопје го зафати силно невреме проследено со грмотевици, пороен дожд и ветер. До 23:00 часот наврнаа околу 63 литри воден талог на 1 m2 што предизвика поплавување на улици и објекти на целата територија на град Скопје. Најкритични точки кои се регистрирани во почетокот се: […]

______________________________________________________________________________________________________

По 3.000 евра отштета за секоја жртва од невремето

По 3.000 евра ќе им биде исплатена отштета на семејствата за секоја жртва, беше решено на денешната вонредна седница на Град Скопје, која почна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите. На седница која ќе почне во 16 часот се очекува Владата да прогласи ден на жалост, додека пак Скопје и Тетово ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре ден на жалост

Утре во Македонија е прогласен ден на жалост поради смртта на 20 лица од обилните врнежи на дожд и поплави. Семејствата на загинатите ќе добијат еднократна помош од 180 илади денари од град Скопје. Скопје беше погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број сообраќајници во Скопје, прекини […]

______________________________________________________________________________________________________

Се трага по шестгодишно момче, неговата баба најдена удавена

Сите жители од улицата „Костадин Петровиќ“ во Сингелиќ се уште го бараат телото на шестгодишното момче кое водата го отргнала од рацете на баба му, пренесува ДНЕВНИК. Се удавија двајцата. Бабата ја пронајдовме во каналот, удавена. По детето трагаме цела ноќ и денеска, вели Авди, 60- годишен маж од Сингелиќ, кој вели дека едвај се […]

______________________________________________________________________________________________________

Албанец спаси Македонка од давење во невремето (Видео)

Македонците и Албанците знаат да си помогнат кога е најтешко. Доказ за тоа е и видеото кое го објави порталот Алмакос , на кое Сафет Бајрами од село Лока од Скопје, помногу тешкотии ја спасува Соња Ајанковска од поплавеното Форд Мондео. Тој потенцира дека е многу среќен за ово хумано дело каде што жената беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрват се симна од автобус и му помогна на скопјанецот со заглавено BMW да излезе

Овој човек херој е тренер од Осијек, Хрватска и моментално е во Скопје на турнир за кадети кој традиционлано се одржува 3-та година. Човекот се симнал од автобусот полн со деца фудбалери и заминал да му помогне на заглавениот скопјанец за да излезе од поплавената улица. Секоја чест за добродушноста на овој човек.

______________________________________________________________________________________________________

Апел: Донирајте за поплавените во 13 часот пред скопски „Веро Центар“

Денеска во 13 часот пред скопски „Веро Центар“ во населбата Аеродром е организирана акција за собирање помош за граѓаните од поплавените подрачја. Оваа информација се споделува преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Бројот на жртва до сега е 20 загинати лица. Најголем дел од жртвите се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови страшни бројки: 20 лица загинати, шест лица исчезнати, 22 лица повредени

Дваесет лица се загинати, од кои за 13 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, беше соопштено по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи. Според последните податоци на министерството за внатрешни работи шест лица се водат за исчезнати, а 22 лица се повредени и им е укажана медицинска помош. но, неофицијално […]

______________________________________________________________________________________________________

Апокалиптична слика кај скопската обиколница

Скопската обиколница ден по поплавите како од апокалиптично сценаро. Како што може да се види од извештајот на ТВ Нова, голем број автомобили се уште се заглавени на патот. Синоќешното време одзеде 16 човечки животи, од кои најмногу се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново.

______________________________________________________________________________________________________

Бројот на жртви од невремето се искачи на 16 – 13 од нив се идентификувани

Се зголемува бројот на жртвите од невремето во скопскиот регион. Началникот на одделението за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи, Наталија Спирова Кодриќ соопшти дека според последните податоци, до 11.15 часот бројот на жртви од невремето се зголемил на 16, 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, додека за тројца е […]

______________________________________________________________________________________________________

Препораки за населението во поплавените региони – Да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни

Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со препораки до населението од поплавените региони за тоа како да се заштитат од заразните болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење. – За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа […]

______________________________________________________________________________________________________

Брза Помош со 65 интервенции – 21 пациент се јавил на клиника поради поплавите

Некаде до 10 часот на преглед се пријавиле 21 пациент, од кои 7 се хоспитализирани на скопската клиника по поплавите.Како што посочи професор доктор Виктор Камиловски од болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, останатаите 14 пациенти кои не се хоспитализирани се пуштени на домашно лекување, а на истите им е препорачана контрола во текот […]

______________________________________________________________________________________________________

Осумгодишно дете донесено мртво во Ургентен центар по невремето

Во Ургентниот центар во Скопје ноќеска било донесено и мртво осумгодишно дете, кај кое лекарите само констатирале смрт. Не се знае точно од каде е детето, но се претпоставува дека е од реонот на Стајковци. Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ, како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и […]

______________________________________________________________________________________________________

Од невремето делови од земјава без струја, екипи на ЕВН работат на терен

Екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите предизвикани во снабдувањето со електрична енергија од невремешто што вчера зафати делови од земјава. Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски информира дека зЗасилени екипи се насекаде на оние места каде што има проблеми во снабдувањето или прекини каде што корисниците немаат доволно снабдување со електрична енергија. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ченто беше едно од најпогодените населени места – Погледнете како изгледа по невремето

Екипата на ТВ Нова и утрово е на терен каде ја пренесува сликата од поплавите што го зафатија Скопје синоќа. Ченто беше едно од најпогодените населени места во Скопје и скопско. Еве како изгледа населбата еден ден подоцна. Ченто беше едно од најпогодените населени места во Скопје и скопско. Еве како изгледа населбата еден ден […]

______________________________________________________________________________________________________

Затрупана жена извлечена жива- укажана помош на стотина повредени

Дванаесет тима на Брза помош по полноќ интервенирале за повредени луѓе по невремето што го зафати Скопје. Според информациите на лекарите укажана им е помош на стотина повредени, пациентите се со скршеници, набиеници и посекотини. Спасувачките екипи успеале да спасат и затрупана жена, која за среќа според информациите на лекарите е со полесни повреди. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Опасно свлечиште се формира во скопски Аеродром

Со импровизирани табли и знаци за забранет пристап се предупредуваат жителите на дел од зградите покрај булеварот „Трета македонска бригада“ каде синоќа поради обилните врнежи се формира свлечиште од кое голем дел од паркингот, како и блиската улица во изградба се урнаа во длабока јама ископана за изградба на нова зграда, јавува Телеграф.мк. Станарите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Времето и денеска нестабилно, попладне поројни дождови и грмежи

Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1