Archive | Македонија RSS feed for this section

Убиецот ги зел пасошите на мајката и синот – нови детали за убиството во Козле

Мистериозниот убиец, кој ги ликвидира двајцата турски државјани во куќа на улицата „Козле 3“, најверојатно со себе ги зел и патните исправи на убиените, како и мала торбичка во која жртвите имале златен накит. Сепак, извори за „Алфа“ потврдуваат дека истрагата не оди во насока дека злосторството е извршено поради грабеж. Освен малата торба на […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов споменик ќе никне во Скопје – еве колку милиони евра ќе лапне „Мајка Тереза“

На вчерашното јавно наддавање понуди доставиле фирмите „Урбан инвест“ и „Бетон“.Првата фирма дала понуда од 6,2 милиони евра, додека „Бетон“ за изградба побарал 8,2 милиони евра. Според тендерската документација, изведувачот треба да изгради објект со тераса, фонтана, како и споменици на Мајка Тереза, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи […]

______________________________________________________________________________________________________

По 13 години конечно ќе имаме попис

Македонија доцни со пописот веќе четири години, откако последниот обид за спроведување на најголемата статистичка операција беше неуспешен во 2011. Тогаш двете владејачки партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не најдоа заеднички јазик за тоа дали треба да се попишуваат граѓаните кои се надвор од Македонија повеќе од една година и дали може да се користат фотокопии […]

______________________________________________________________________________________________________

Редици на Табановце и ПАТАРИНАТА кај Куманово – се чека по половина час

На граничниот премин Табановце за излез од државата има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез, соопшти Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините. Интензитетот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пороен дожд, грмежи и ветер попладнево низ Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладнево беа зафатени северните и источните делови од Македонија каде на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни се процесите на повисоките места и планините, особено во беровскиот регион каде до 17 часот  повремено  имало интензивни поројни врнежи од […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОПИС: Владата подготвува електронско пребројување

Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на собраниска […]

______________________________________________________________________________________________________

Сочувство за смртта на Џон Битов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Џон И. Битов, помладиот, по повод смртта на канадскиот стопанственик со македонско потекло Џон Битов. Иванов на 10 септември 2011 година го одликуваше Џон Битов со Орден „8 Септември“, за исклучителната посветеност и ангажираност во поддршката на напредокот на Република Македонија и нејзина афирмација […]

______________________________________________________________________________________________________

Прочитајте колку е температурата на водата во Охридско, Преспанско и Дојранско езеро

Управата за хидрометеоролошки работи објави информација за температурата на водата во природните езера  Според УХМР, утринава во 7:30 часот температурата на водата во Охридското езеро била 25,5 степени Целзиусови. Истата температура е измерена и во Преспанско езеро. Најтопла утринава е водата во Дојранското езеро, аоизмерени 28,4 степени.

______________________________________________________________________________________________________

2000 евра казна ако на Водно не шетате само по обележана патека

По овој асфалтиран пат на „Водно“ граѓаните можат да се движат во преиодот меѓу 7 и 17 часот, а тие што ќе ги користат скратените патишта, без дозвола од „Македонски шуми“ или од Шумската полциција, џебот ќе им биде испразнет за 1.500 до 2 илјади евра. Со оваа Владина одлука, според инсрукторот за параглајдерство Велјановски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Зголемен бројот на затруени граѓани од храна

Високите температури го наполнија инфективното одделение.  Лекарите алармираат на овие горештини да се внимава со исхраната. Од секојдневното мени најдобро е да се исфрлат масните јадења, сувомеснатите производи, како и намирниците подготвени од јајца. Зголемен е бројот на пациенти кои се затруле од храна или вода, месецов на инфективната клиника помош побарале околу 400 пациенти. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се убиените во Козле – живееле комотен живот, а не работеле – Ги ликвидирала ли мафија?

„Јави ми се итно на другиот телефон“- вака гласела последната смс порака која стасала на телефонот на убиената Ѓулчин Ерчобан. Испраќачот бил од Турција. Полицијата дел по дел го сложува мозаикот за двојното убиство на мајката и синот во скопско Козле. Но случајот крие многу мистерии. Егзекуторот вешто ги замаскирал и трагите,oд куќата не зел […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски на скопскиот плоштад, Иванов на Мечкин Камен за Илинден

Како и секоја година, таа и оваа, традиционално, големиот празник Илинден, 2-ри август ќе се прослави во Крушево и во Пелинце. Шефот на државата, Ѓорге Иванов за 112-годишнината од Илинденското востание ќе се обрати пред присутните на Мечкин Камен. Спикерот Трајко Вељаноски, пак, по повод 71 година од АСНОМ ќе ја предводи собраниската делегација во […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес бесплатно кафе за сите во „Скопје Кафе“ на плоштад

Бесплатно кафе за сите гости само денеска (30 јули) и утре (31 јули) нуди најурбаното скопско кафуле „Скопје Кафе“ сместено на Плоштад Македонија. Имено, на таблата пред популарното скопско кафуле „Скопје Кафе“ стои напис „Coffee 0e because Skopje Café ♥ you“ со што кафулето во центарот на градот уште еднаш покажува како умее да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Мало разладување, но високи температури – еве што не очекува денес

Времето  ќе биде променливо облачно и малку посвежо време. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачјано претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови. Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен […]

______________________________________________________________________________________________________

Измерени 40 степени во Скопје, Штип и Гевгелија

Максималната температура од 40 степени денеска е измерена во Скопје, Штип и Гевгелија. Во Демир Капија се измерени 39, во Струмица и Тетово 38, во Битола, Прилеп и Виница 37, Крива Паланка, Тополчани и Претор 36, Пожаране 35, Берово и Охрид 34 и во Маврово и Лазарополе 30 степени. Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожари во Македонија: Гори кај Рашче, Чашка и Прентов Мост

Пожар денеска избувна над патот кон село Рашче во Општина Ѓорче Петров, кој зафати нискостеблеста шума и трева. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување на терен се ангажирани пет припадници од републичките сили за заштита и спсување, едно противпожарно  возило со тројца пожарникари и пет лица од шумското стопанств Пожар е појавен и кај […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕМЕТ СМЕШТАЈ: Насред лето се укинува приватното сместување – Забрането издавање на соби, станови во Охрид

Приватните станоиздаватели од Охрид на нивно барање денеска остварија средба со надлежните претставници на Локалната самоуправа, од кои побараа да им помогне по однос предложените измени во Законот за угостителска и туристичка дејност со кои се забранува вршење туристичка дејност односно издавање на апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради. Предлогот на ресорното […]

______________________________________________________________________________________________________

Професионален убиец ги ликвидрал мајката и синот- сите сијалици во куќата биле одвртени

Сите светилки биле одвртени на спратот во куќата каде во скопско Козле, пред два дена беа убиени мајка и син, турски државјани. Истрагата утврдила дека убиецот делувал во мрак кога 29-годишниот Самет С. се вратил од излегување.Полицијата се сомнева дека на тој начин убиецот сакал да добие во време или пак биде сигурен дека ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1