Archive | Македонија RSS feed for this section

Филипче: Утрово го посетив Иван, буден е и се чувствува добро

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце. „Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од […]

______________________________________________________________________________________________________

Реисот Сулејман Реџепи: Од денеска го прогласувам вирусот Ковид-19 за мртов

Од денеска го прогласувам Ковид-19 за умрен, вели реисот Сулејман Реџепи. Реисот Сулејман Реџепи денес во изјава за медиумите пред џамијата Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бакјрам и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов. -Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам!

Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три […]

______________________________________________________________________________________________________

Св. Кирил и Методиј – чествувањето во Рим откажано поради пандемијата

Поради опасност од ковид-19 чествувавањето на денот на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј во Рим и Ватикан годинава е откажано. Поклонението на државно-црковна делегација што редовно се одржува на гробот на св. Кирил во базиликата „св. Климент“ во Рим нема да се одржи. Државни делегации од земјава и од Бугарија неколку години заедно оддаваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Тие се еден владика и еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Синот на човекот што доби срце: Семејството на Емилија да знае дека нејзиното срце уште чука

Васил Огненовски, синот на човекот што доби срце од починат донор не ја криеше радоста што неговиот татко успеа повторно да ја добие најважната битка, јавува Слободен Печат Тој изрази голема благодарност и сочуство до семејството на починатата Емилија од Дојран. „Ќе кажам само едно големо благодарам што со донирањето се спасија три животи. Еднаш […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејството Стајиќ, сопственици и основачи на Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на Емилија Динева

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи. Минатата ноќ, беше направена првата успешна трансплантација на срце и беше спасен еден човечки живот, благодарение на хируршкиот тим на клиниката за […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициски час од недела во 11 часот претпладне до вторник во 05 часот изутрина

Полициски час од недела во 11 часот претпладне до вторник во 05 часот изутрина. Владата на денешната седница одлучи дека утре забраната за движење ќе остане како и сите други денови, односно од 19 до 05 часот наутро в недела. Тоа значи дека во карантин ќе бидеме затворени 42 часа. Македонските државјани кои ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче во посета на пациентот со трансплантирано срце

Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце. Синоќа, првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент. Два […]

______________________________________________________________________________________________________

Поклон до небото – човекот не е ДОНОР, има ИМЕ и ПРЕЗИМЕ

По успешната трансплантација на неговото донирано срце, во моментов на Клиниката за урологија се врши трансплантација и на неговите донирани бубрези. Тој човек не е „донор”, туку личност со големо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ, кој направи похуман чин од сите политичари и декларирани добротвори во последните 30 години ЗАЕДНО. Ваквите луѓе се вистински светци и поради […]

______________________________________________________________________________________________________

20 нови случаи на Ковид-19, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-4, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна. Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, […]

______________________________________________________________________________________________________

Емилија Динева е жената хероина која спаси три животи со донирање на нејзиното срце и бубрези

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева. Динева е жената чии органи,едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа. Од семејството на Динева порачаа […]

______________________________________________________________________________________________________

Прва трансплантација на срце – чекавме неколку минути, сите молчевме, а кога зачука срцето се слушна ракоплескање

„Кога се беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме за да го помогнеме овој процес и тоа се случи. Пресаденото срце работеше со очекуван ритам. Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН: Нема потреба од вознемиреност околу сметките за потрошена електрична енергија

Нема потреба од нервоза и вознемиреност околу сметките за потрошена електрична енергија. Ова не e генерална состојба туку поединечни случаи кои добиле или повисоки сметки од вообичаените или пониски. Уште на почетокот на вонредните мерки, ЕВН најави дека нема да има исклучување од дистрибутивнта мрежа на должниците од категоријата домаќинстава и ЕВН нема да реализира […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Се случија повеќе семејни настани од каде што излегоа нови пациенти

Начинот на трансмисија на ковид вирусот во целиот изминат период е со близок респираторен контакт во рамки на еден кластер и поединци. И тоа ја детерминира сликата што веќе еден подолг временски период е присутна во нашата земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали е познат начинот на кој се […]

______________________________________________________________________________________________________

103 полицајци во изолација, 14 од нив позитивни на Ковид-19

Сто и три прпадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на Ковид-19. Засега не се знае како дошло до нивно заразување. Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови. Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди […]

______________________________________________________________________________________________________

Дома за утринска молитва, во џамија за Рамазан Бајрам, одлучи ИВЗ

Ријасетот на Исламската Верска Заедница во Република Македонија, поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам, донесе низа мерки, што треба да се спроведат во секоја џамија на 24 мај, пишува на својот фејсбук профил Реис-ул-Улема на ИВЗ во РМ, Х.Сулејман еф. Реџепи. Во образложение на одлуките донесени денеска реисот Реџепи, пишува дека сабах намазот (утринската […]

______________________________________________________________________________________________________

40 нови случаи – Од денешните новозаразени најмногу се во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај. Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1