04/10/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Казните во сообраќајот ќе ги наплаќа упрвата за јавни приходи. Сите граѓани кои нема во рок од 8 дена да ја платат казната или пак да внесат негативни поени во сообраќајните книшки, министерството за внатрешни работи ќе ја активира УЈП која преку трансакциските сметки ќе изврши поефикасна наплата. Овие измени се предвидуваат со новиот закон […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Ова се сите неработни денови до крајот на годинава: 11 октомври (сабота), Ден на народното востание 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци 25 декември (четврток), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед: 4 […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Ако ви го откријам моето име и презиме ќе ми се уништи животот затоа што луѓето имаат предрасуди за мојата работа. Ова се зборовите со кои 28-годишно момче од Скопје, кое веќе неколку години заработува од давање сексуални услуги, започна да раскажува за Телеграф.мк како е да се биде машки ескорд во Македонија. Вели дека […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 11:14
•
Posted by: MK News
Двете новини во високото образование се следни: државен испит по втора и четврта година на студиите и приемен испит за странски студенти. Државниот испит ќе важи за сите студенти во Република Македонија и од државните и од приватните универзитети. Испитот ќе се спроведува двапати, односно првиот кога ќе завршат втора година и ќе имаат прашања од […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Во средата претпладне во скопската Управа за јавни приходи се случил инцидент. Изнервиран граѓанин влегол во канцеларијата за достава на првиот кат и почнал да се расправа со вработените, оти, според него, му била направена неправда, пишува Либертас Во еден момент излегол од контрола и од бироата го зел едниот компјутер го фрлил низ прозор, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 10:16
•
Posted by: MK News
Со новиот Предлог-закон покрај прекршочниот платен налог, се воведува мандатен платен налог во околу 84 помали прекршоци за безбедноста на сообраќајот. Тоа значи дека доколку во предвидениот рок не се плати определената глоба или до 30-oт ден не се запишат негативните поени во возачката книшка, тогаш налогот веднаш оди на извршување во Управата за јавни […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Екс-премиерот и претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски е главниот инвеститор за планираниот нов хотел во барок под Кале. Ова накратко е заклучокот од истражувањето на АЛСАТ М за тоа која е фирмата ГМ Инвест Груп, која во вторникот победи на аукцијата за атрактивната парцела со понуда од 44 евра за квадрат. Според документите од Централниот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Фирмата Вардар Експерс преку електронска аукција го купи земјиштето во центарот на Скопје. Понуди највисока цена – 110 евра за квадрат, а почетната изнесуваше само едно евро. За површина од 2,350 метри квадрати во рок од 15 дена треба да уплати 260 илјади евра. Пред три дена уште еден инвеститор – Инвест Груп, за парцела […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 09:15
•
Posted by: MK News
По германските научници и нивните италијански колеги тврдат дека Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа. Тиранската телевизија Топ ченел, денескa јави за спектакуларно откритие, како што го нарече, на група италијански научници, со кое се тврди дека Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа. – Првичните резултати се дека по првпат имаме приближно точен податок за староста […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Поради технички зафати во електро-системот, во понеделник без електрична енергија, од 8:30 до 10 часот ќе бидат корисниците од улицата Тодор Чангов во населбата Лисиче, општина Аеродром. Од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе останат жителите од улиците 511, 512, 513, 519 и дел од улицата Перо Наков во населбата Керамидница, во општина Гази […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 21:27
•
Posted by: MK News
Во борба за корисници, телекомуникацискиот оператор ВИП, од денес, по многу висока цена, на своите корисници им го нуди iPhone6, телефонот кој дури ниту операторите- официјални дистрибутери ширум светот го немаат во својата понуда, пишува Први.мк. Се поставува прашањето, како и од каде операторот ВИП, кој не е овластен дистрибутер на iPhone во Македонија, може […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 20:05
•
Posted by: MK News
Ако се прашувавте како ќе помине Фиќо доколку се судри во BMW, еве го одговорот. Фотографијата е направена на една скопска раскрсница. ФОТО: Facebook
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 16:22
•
Posted by: MK News
На денешната прес конференција одржана во седиштето на СДСМ, портпаролот Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање дали партијата има намера да ги продолжи преговорите со власта, рече: – Да не се добие погрешен впечаток. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не инсистира на преговори. СДСМ евентуалните преговори ги гледа како последна шанса Никола Груевски цивилизирано да замине […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 15:28
•
Posted by: MK News
Месни производи од ЕУ по дампинг цени го преплавија македонскиот пазар откако беше воведена забраната за извоз во Русија. Според преработувачите, постои реална опасност во земјава да се најдат и големи количини месни производи од соседните земји. – Забраната за извоз на производи од ЕУ во Русија доведе до одредени пореметувања на пазарот. Кај нас постои […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 15:26
•
Posted by: MK News
Четиринаесетгодишно девојче е полесно повредено во пожарот што утрово околу 5 часот и 30 минути избувна во семејната куќа на прилепското шестчлено семејство Смугрески на улица „Јоска Јорданоски“ бр. 116. Пожарот го зафатил подрумот, а во паника членовите на семејството што побрзо да излезат од куќата скокале низ прозорец при што полесно е повредено девојчето. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 15:21
•
Posted by: MK News
Татко и син од Прилеп се борат за живот на Клиниката за токсикологија откако јаделе отровни печурки, дознава zdravstvo24.mk од лекарски извори од клиниката. Во многу тешка состојба вчера попладне биле примени на одделот за интензивна нега. Денеска состојбата дополнително им се влошила. Лекарите прават се за да ги спасат. Засега нема информации која отровна […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 15:15
•
Posted by: MK News
Скапо возило „мерцедес Ц220“ остана без бандажи. Сопственикот на возилото утрово си го нашол автомобилот потпрен на камења. Ноќва крадци му ги собрале бандажите од автомобилот паркитан кај Градски ѕид. Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 15:13
•
Posted by: MK News
Се обидува со собирање на пластични шишиња да заработи за живот, но вели конкуренцијата е голема и едвај се крпи една бала пластика за двесте денари. Живее во подрумска просторија каде се чувствува влага, а 2 и пол илјади денари му се потребни за кирија. Нема од никаде, а се храни по црковни народни кујни, […]
______________________________________________________________________________________________________