03/10/2014 15:10
•
Posted by: MK News
188 илјади легитимирани, 33 илјади претреси на лица и објекти, триесетина приведени не дадоа никаков резултат, теориите за бугарската, српската или чешката “врска” останаа недокажани, а истрагата веќе десетина години тапка во место и покрај најавите на секоја нова гарнитура дека расветлувањето им е приоритет Истрагата која се води против непознат сторител се уште е […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 14:17
•
Posted by: MK News
Поранешната Игуманија на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово, сестра Макрина целосно го напушти монашкиот живот и комплетно се повлекла од Македонската Православна Црква. Таа сега не го користи иту црковното име под кое беше замонашено, туку своето световно име Будимка Поповска. По нејзиното повлекување од традиционалниот монашки живот минатата година, кога ја соблече мантијата […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 11:20
•
Posted by: MK News
Дирекцијата за заштита и спасување ќе почне да ги санира засолништата и опремата што се во нивна надлежност за што е објавен оглас, со кој се бара фирма-изведувач. За реконструкцијата се предвидени 12 милиони денари, односно околу 195 илјади евра. Раководителот на одделението за техника и материјално-техничко опремување во Дирекцијата за заштита и спасување, Димче […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 11:16
•
Posted by: MK News
Седмооделенецот Матеј Предовиќ конструира робот кој ќе и’ помага на војската да ги пронајде непријателите, да ги пронаоѓа и бомбите, но истиот може да се користи во градежништвото и да испитува цевки. Неговиот робот му донел прво место меѓу стотина учесници на олимпијадата по роботика во Зрењанин, пренесува Канал 5. -Мојот робот го освои првото место бидејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 10:07
•
Posted by: MK News
Маркарт поканува на Инфо – денот за вработување во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес во сабота, 4 октомври, 2014 година. Заинтересираните кандидати можат да присуствуваат на различни сесии во училниците на училиштето од 10:00 до 16:00 часот за да дознаат повеќе за Маркарт како работодавач, како и за конкретни информации за работни места. Вкупно 4 […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Подарок во плико – ова се почесто е испишано на поканите за свадба. Иако порано се практикуваше на поблиските да им кажеш што сакаш за подарок или да им посочиш дека би било добро доколку се во можност да ти дадат пари наместо да купуваат подарок, денеска многу млади се решаваат на сите гости да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Три месеци по експлозијата во фабриката за експлозив „Ицемак“ во скопското село Сопиште, с` уште нема кривична одговорност против двајцата сопственици на фабриката, иако на почетокот од август на Kлиниката за реанимација почина и Злата С. (51). Досега од добиените тешки изгореници починаа тројца вработени, пишува Дневник. Од МВР информираат дека минатата недела до Основното […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 09:22
•
Posted by: MK News
Идејата за целосна обнова на трговскиот центар „Рамстор“, која што беше обелоденета во февруари годинава, наскоро ќе почне да се остварува во реалноста. Во изјава за Македонската телевизија, директорот Џеладин Џули ја најави модернизацијата на првиот затворен трговски центар во земјава. Предвидено е објектот да добие нови луксузни ресторани и кафулиња на горниот кат, модерна […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од североисточен и југоисточен правец. Температура […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 20:02
•
Posted by: MK News
Драма се случувала денес претпладне во штипската конфекција Виба-Фешн. Триесетина текстилни работнички и преставничка на скопска фирма за увоз извоз биле затворени во погонот на конфекцијата, јавува Алфа. Сакајќи да излезат во туркањето се скршил прозорец при што со исеченици по рацете и грбот се здобила Христина Стојанова преставничката на скопската фирма. Таа утрово експресно […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 16:03
•
Posted by: MK News
Денеска во гевгелискиот суд, Дејан Котуровиќ е осуден на три месечна затворска казна, за фалсификување исправа. Тој е обвинет дека влегол во Македонија со автомобил кој бил пријавен за украден во Бугарија и на кој биле сменети сериските броеви на моторот и шасијата и внесени и внесени во фалсификувани документи, кои тој и ги приложил […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 14:43
•
Posted by: MK News
Државата планира до септември следната година да го реши нерегулираниот статус на над 2.400 становите коишто се користат безправно по основ на сопственост или закуп. Лицата кои живеат во такви станови најдоцна до 31 март следната година ќе треба да се изјаснат дали ќе склучат договори за закуп или пак ќе ги откупат, според условите […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 14:02
•
Posted by: MK News
На плоштадот „Македонија“ во Скопје утре во 14 часот, во чест на празникот Курбан Бајрам, на граѓаните ќе им се делат баклава и слатки својствени за овој празник. Мотото на настанот е „Синот на Ибрахим (Абрахам), не бил жртвуван, но станал симбол на жртвувањето! Нека овој празник биде посветен на наклонетоста кон оваа доблест“. Настанот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 12:42
•
Posted by: MK News
Нашата актерка Јелена Јованова би можела да биде дел од новиот филм за најпознатиот таен агент 007. Јелена (29) глумеше во филмот „Земја од крв и мед“ на Анџелина Џоли, а сега би можела да забележи уште поголем успех во кариерата бидејќи влезе во вториот круг на кастинзите за филмот со Џејмс Бонд кој засега […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 12:26
•
Posted by: MK News
Можноста да бидам прва девојка-полициски пилот во Македонија за мене беше голема мотивација и уште поголем предизвик успешно да ја завршам обуката. Ова го изјавила Весна Петреска (25), првата жена пилот на полициски хеликоптер, пишува Дневник. Таа е од Кавадарци, дипломиран студент на Факултет за безбедност, која по завршувањето на 18- месечната обука ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Педесет и четири годишната скопјанка Добринка Младеновска за Фактор ја сподели својата животна приказна. Таа се сеќава дека пред околу десет години на случаен самопреглед забележала промена и болка на едната дојка. Лекарите веднаш по прегледот и го потврдиле сомнежот. Кај неа бил дијагностициран рак, но не не само на едната, туку на двете дојки. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Осум годишната Естира ја има само нејзината мајка, помалата сестра и братот. И толку. Тука пред малата темна соба каде живее, се чувствуваше мирисот на мувла и надвор е нејзиниот свет. Таа не оди на училиште, оти нема извод на родени. Мајка и не стигнала до болница и се породила во собата, пренесува Канал5. – […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Корисниците на мобилниот телефонски оператор ВИП веќе една недела се жалат дека немаат мрежат за да воспостават контакт. Многумина од нив се обиделе и да се јават во контакт центарот за да се пожалат, но сите обиди им се неуспешни. Оваа нивна несреќа, корисниците на ВИП, решија да ја споделат на социјалните мрежи како Фејсбук, […]
______________________________________________________________________________________________________