Archive | Uncategorized RSS feed for this section

Скопско – исчезна девојка

Во Полициското одделение Сарај, Р.А. (73) од село Грчец вчера пријавил дека пред околу 20 дена од семејниот дом во село Грчец во непознат правец се оддалечила неговата внука П.Н. (26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Во сабота е Василица – ова задолжително треба да се направи

Св. Василиј е роден во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул.Беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Автобус на ЈСП прегази жена

Женско непознато лице починало во сообраќајна несреќа денеска околу 12:10 часот, објави Курир. Од МВР за Курир велат дека на булеварот Крсте Мисирков во правец од Чаир кон Центар, во близина на Бит пазар, автобус на ЈСП број 47, удрил во засега непознато лице. Од добиените повреди жената починала на лице место, а смртта ја […]

______________________________________________________________________________________________________

39-годишен затвореник во Идризово починал од предозираност со дрога и лекови

Предозираност со лекови и дрога се причина за смртта на 39-годишниот затвореник во Идризово. Доцна синоќа тој со возило на Итната помош бил пренесен на клиниката за токсикологија, но извори оттаму велат дека кога бил донесен затвореникот веќе не давал знаци на живот. Безуспешно завршиле и обидите за негова реанимација. По налог на јавен обвинител […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец почина во џамија во Чаир

Вчера во 12,52 часот во Полициска станица Чаир, од страна на лекар од Итна медицинска помош е пријавено дека на ул.„Душко Поповиќ“, во џамијата починал С.Ј.(77) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Србин се обеси во куќа во Пробиштип

Вчера во 18,00 часот во Полициска станица Пробиштип, Г.Ц. пријавил дека го пронашол телото на неговиот пријател Д.Т.(44) од Крагујевац – Р.Србија кој извршил самоубиство со бесење во зграда во изградба лоцирана на ул.„Тодор Александров“ . Смрт е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска […]

______________________________________________________________________________________________________

Грујевски осуден на 1,5 година затвор за „Тврдина 2“

Поранешниот началник на УБК Горан Грујевски доби 1,5 година затвор за уништување на опремата за прислушување во УБК, одлучи денеска Кривичниот суд во Скопје. Другите шетмина вработени во УБК обвинети во случајот „Тврдина 2“ добија условни казни. Обвинителката на СЈО Ленче Ристовска на во завршните зборови во овој случај, во понеделникот, побара најстрога казна за […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР предупредува – Доаѓа влажен воздушен бран, ќе донесе снег, еве каде

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (околу 40 л/м 2 ), особено попладне во источните делови каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер (на […]

______________________________________________________________________________________________________

„Национал“: Шпиони од БиХ прислушуваат и следат хрватски политичари

Хрватскиот неделник „Национал“ пишува дека шпиони од Босна и Херцеговина прислушуваат и тајно следат политичари и претприемачи од Хрватска. Списанието објави документи и наведе дека биле откриени неколку тајни извештаи на босанската Разузнавачка агенција за безбедност (ОСА) кои покажуваат дека „таа служба води специјална борба против Хрватска, нејзиниот премиер Андреј Пленковиќ, надворешната политика на хрватската […]

______________________________________________________________________________________________________

Археолози во близина на Анталија откриле продавници од пред 2.000 години

При ископувањата во античкиот град Аспендос, во близина на Анталија, археолози открија простории стари над 2.000 години, за кои се претпоставува дека биле користени како магацини или продавници. Античкиот Аспендос, чиј театар и другите згради привлекуваат голем број туристи, секојдневно им прередува нови изненадувања на археолозите. Теренските археолошки истражувања во областа на античкиот Аспендос почнаа […]

______________________________________________________________________________________________________

Шешељ: Се е наше, нема што да делиме со Албанците во Косово

Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, на прашање од весникот „Вечерње новости” за тоа што мисли за идејата за поделба на српско и албанско Косово, одговори исто со прашање – „зошто да се разграничуваме со Албанците на своја територија?“ – Се е наше, што да делиме со нив!? Може ние да им дадеме […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре и задутре нема возење на Водно

Во врска со одржувањето на ридскиот натпревар во автомобилизам, што во организација на АКК „Проспорт“ ќе се одржи задутре на Водно, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за движење возила и пешаци. Така, утре, за кога е предвидено одржувањето на официјалниот тренинг, како и задутре во периодот од 9 до 16 часот, ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

До кога македонскиот возач ќе ја плаќа зелената карта? ЕВЕ ШТО ВИ ПОКРИВА

Според статистичката евиденција што се води во Националното биро, годишно во земјава се продаваат од 120.000 до 130.000 зелени карти . Зелената карта во Македонија се наплаќа дополнително 60 и 90 евра, во зависност од возилото, само доколку возачот го вози надвор од земјава. Во другите земји, со мали исклучоци, зелената карта е додадена во полисата […]

______________________________________________________________________________________________________

Богољуб Кариќ преговара со Џулија Робертс да ја глуми неговата сопруга

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ ѝ понудил на холивудската глумица Џулија Робертс улога во филмот за неговото семејство, што се уште е во претпродукција. – Вистина е дека преговараме. Една од идеите е Џулија да ја толкува улогата на мојата сопруга Миланка, и покрај тоа што Миланка претпочита ролјата да ѝ припадне на Катрин Денев или […]

______________________________________________________________________________________________________

Со години се молчеше за тоа: Еве зошто близнаците Саша и Дејан Матиќ го изгубиле видот

Саша и неговиот брат Дејан Матиќ со години владеат со српската естрада и со своите моќни вокали и хитови имаат милионска публика. Браќата близнаци Саша и Дејан Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар како здрави, но прерано родени момчиња кои таткото Зоран и мајката Драгица морале да ги сместат во инкубатори […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка починала откако ја претепал сопругот

Четириесет и тригодишна жена од Скопје вчера околу 10.30 часот починала во амбулантата во населбата Шуто Оризари. Таа претходниот ден била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг. Во амбуланатата била повикана екипа од Итна медицинска помош, за да контстатира смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Навивачи од Бугарија го блокираа патот Крива Паланка-Куманово

Навивачи од спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив, Бугарија, го блокираа магистралниот пат Крива Паланка-Куманово. Според информациите од полицијата, утрово околу 3 часот автобус со навивачи на клубот „Ботев“ запреле на бензинската пумпа на обиколницата кај Крива Паланка, излегле и испишале навредливи графити. Тие залепиле и налепници со ознаката БГ и го продолжиле патот кон Куманово. […]

______________________________________________________________________________________________________

Српскиот претседател стана татко по третпат

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа по третпат стана татко, а убавата вест ја споделил на социјалната мрежа Твитер. – Вечерва првпат ќе морам да ги прекинам државничките обврски и тоа со насмевка на лицето, бидејќи Тамара и јас пред неколку минути добивме син, напишал Вучиќ. Бебето се родило 15 дена предвреме и тоа додека претседателот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1