20/02/2016 11:44
•
Posted by: MK News
Можно е Исламска држава да организира големи терористички напади во Европа, предупреди директорот на Европол, Роб Вејнрајт. – Очекуваме Исламска држава или некоја друга верска терористичка група да изврши напад некаде во Европа, а како цели да се најдат големи групи цивили, рече Вејнрајт за швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“. Европа во моментов се соочува […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2016 11:34
•
Posted by: MK News
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск соопшти дека договорот за останување на Велика Британија во ЕУ добил едногласна поддршка од лидерите на 28-те членки на Унијата. – Договорено е. Едногласна поддршка за новиот договор за Британија во ЕУ, напиша Туск синоќа на Твитер. Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека договорот и овозможува на Британија специјален […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2016 11:32
•
Posted by: MK News
Италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко почина ноќеска на 84 години во својот дом. Тој боледуваше од рак. Светот изгуби еден од најважните луѓе на современата култура. Беше познат по своите дела „Името на розата“(1980), „Фукоовото клатно“ (1988), „Островот на претходниот ден“ (1994), „Баудолино“ (2000), „Таинствениот пламен на калицата Лоана“ (2004), „Прашките гробишта“ од 2010 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2016 14:32
•
Posted by: MK News
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека го сака премиерот Бојко Борисов. Toj го нарече бугарскиот премиер “брат и пријател”. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер е сигурен дека Бугарија ќе излезе од мониторинг механизмот до крајот на неговиот мандат. Напредокот на Бугарија ќе биде разгледуван посебно од оној на Романија, додаде тој. “Сигурен […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2016 14:02
•
Posted by: MK News
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск упати порака до секој бискуп кој ги штител и криел свештениците осомничени за педофилија да си поднесат оставки. Папата го кажал ова во авионот во текот на летот кога се враќал од Мексико кон Ватикан. Токму во Мексико има жртви на најголемиот педофил Марсијал Масијело кои и понатаму се […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2016 12:02
•
Posted by: MK News
Сезоната на берба на јаболка, грозје и киви наскоро започнува на Нов Зеланд, а производителите се соочуваат со проблем од недостиг на сезонски работници. Се проценува дека оваа година недостасуваат најмалку 2.000 сезонски работници, додека во следните години дефицитот на „сезонците“ би можел значително да се зголеми. Водечките производители на јаболка на Нов Зеланд предвидуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2016 11:46
•
Posted by: MK News
Бекунда Сандеј бил 24-годишно момче на чија среќа немало крај кога нашол работа во Кенија. До тогаш тој студирал туристички менаџмент во Кампала, главниот град на соседна Уганда и едвај спојувал крај со крај. Тогаш не ни претпоставувал дека новата работа ќе го однесе право во канџите на проституцијата. Еден човек со име Чарлс му […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2016 11:14
•
Posted by: MK News
Исламска држава му ја отсекла главата на 15 годишно момче поради тоа што слушал поп музика во Мосул, дувлото на џихадистите на северот од Ирак, јавува Russia Today. Според првичната идентификација се работи за Ајхам Хусеин, кој бил киднапиран од патрола на ИД, бидејќи го приметиле дека слуша “западна музика” во близина на својот татко […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 21:22
•
Posted by: MK News
Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани од трговски центри во Москва по серија анонимни телефонски закани дека се поставени бомби, јави ТАСС, повикувајќи се на извор во полицијата. Во некои трговски центри продолжува евакуацијата. Евакуирани се луѓе од сите девет хипермаркети „Ошан“ во рускиот главен град како и од комплекс во близина на Црвениот плоштад. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 17:32
•
Posted by: MK News
Дали веќе добивте известување за проверка на приватноста на вашиот Фејсбук профил? Ако до сега не сте добиле, сигурно ќе стигне. Станува збор за проверка во неколку чекори за социјалната мрежа да не потсети кои се податоци ги делиме со другите, а можеби не сме свесни за тоа. Ваквиот вид проверка е активен од 2014 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 14:02
•
Posted by: MK News
Со оглед на тоа што паричникот многу често ја има пресудната улога при одлуката каде луѓето ќе патуваат и колку нивното патување ќе трае, американскиот интернет портал “SmarterTravel.com” составил листа од 10 светски локации кои што можат да се посетат за пристојна сума на пари, а на листата се наоѓа и една земја од регионот, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 11:59
•
Posted by: MK News
Четири затворски чувари во Виетнам се суспендирани поради нивната невнимателност откако една од затвореничките осудени на смртна казна забременила во затворот, пренесува „Би-би-си“. Шверцерката на дрога за да ја избегне смртната казна, забременила со помош на еден затвореник. Официјалните лица велат дека 42-годишната Нгуен Тин Хуе купила сперма од 27-годишен затвореник за 2.300 долари. „Би-би-си“ […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 11:57
•
Posted by: MK News
На сопствениците на смартфоните кои работат на оперативниот систем Андроид им се заканува нов опасен вирус кој се шири преку смс-порака, и ако се инсталира на телефоните, може да ја избрише целата содржина од мобилниот уред па дури и да извршува повици и да чита пораки. Овој вирус го откриле стручњаците за безбедност до данската […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 11:47
•
Posted by: MK News
Безбедносните камери го снимиле терористичкиот напад во Анкара токму и моментот на експлозијата на бомбата во центарот на градот. На снимката се гледа како еден паркиран автомобил експлодира на улицата „Мерасим“ кога крај него минува комбе кое превезува воени лица. Сеуште никој не ја презел одговорноста за овој напад, во која засега се загинати 28 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 11:20
•
Posted by: MK News
Еден од најпознатите и највлијателните новинари во Египет и во арапскиот свет, Мохамед Хејкал почина во Каиро, во 92 година од животот. Неговото име најмногу се врзуваше за времето на поранешниот претседател Гамал Абдел Насер, во шеесетите години на 20 век. Тој беше главен уредник на најпознатиот арапски весник , каирскиот „Ал Ахрам„ во времето […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 11:15
•
Posted by: MK News
Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако во напад со автомобил-бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 60 лица се повредени. -Треба да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2016 12:34
•
Posted by: MK News
Фронтменот на американската рок група “Eagles of Death Metal”, која настапувала во париската сала Баталкан во моментот на терористичките напади во ноември минатата година, вели дека масакрот можеби немало да се случи доколку сите луѓе во публиката биле вооружени. Џеси Хјуз кој со својот бенд се вратил во Париз за денес да настапува пред луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2016 12:15
•
Posted by: MK News
Емисијата ‘King of the pickpockets’ (крал на џепарењето), во која Таоуфик М. (33) од Мароко се фалел со своето криминално минато повторно го одвела зад решетки. Имено, девојката која сексуално ја нападнал и ограбил во новогодишната ноќ во Келн, го препознала напаѓачот и случајот го пријавила во полиција. Меѓу петте милиони луѓе кои ја гледале […]
______________________________________________________________________________________________________