04/11/2019 21:29
•
Posted by: MK News
Авио-компанијата „Боинг“ издаде соопштение во кое се наведува дека ширум светот приземјени се над 50 авиони откако бил откриен дефект кај крилата на авионите. Највисокото раководство на команијата призна дека се направени сериозни грешки во врска во безбедноста. Се е откриено за време на сведочењето на Денис Мујленберг, кој е директор на американската авио-компанија, а […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 21:26
•
Posted by: MK News
Полицијата во Виетнам уапсила 8 лица за кои се верува дека се вмешани во смртта на 39-те луѓе во камионот во Есекс, објавиле денеска државните медиуми. -Врз основа на сознанијата од осомничените, покренуваме истрага во борба и искоренување на тие прстени кои илегално донесуваат луѓе во Велика Британија – рекол за виетнамската новинска агенција Нгуиен […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 17:46
•
Posted by: MK News
Американскиот синџир на брза храна Мекдоналдс го отпушти извршниот директор Стивен Истербурк поради интимна врска со вработена. Директорот доби отказ бидејќи неговото однесување претставува кршење на политиката на компанијата. Во електронската пошта која ја испратил во вработените, тој признал дека бил во врска со една вработена и дека тоа било грешка. Мекдоналдс соопшти дека Истербурк […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 17:30
•
Posted by: MK News
Четириесет и четири лица побарале медицинска помош во Истанбул поради сомневање за труење со спанаќ, објави турската приватна телевизија НТВ. Се претпоставува дека труењето е резултат на хемикалија со која се обработува лиснат зеленчук за да ја задржи свежината подолго време. Полицијата истражува каде се продава опасниот спанаќ. Според податоците на Дирекцијата за здравство во […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 16:12
•
Posted by: MK News
Сандак од луксузниот француски бренд „Луј Витон“, стар 150 години, бил пронајден кај стар украински пар кој во него чувал пченка за кокошките не знаејќи ја неговата вредност. Александар и Александра Сохраниќ не можеле ни да претпостават каков историски артефакт чуваат во домот. Сепак, го сочувале затоа што со години им служел за чување на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 13:02
•
Posted by: MK News
Доналд Трамп сугерираше дека неговата сопруга Меланија нема да плаче ако тој биде застрелан во обид за атентат, пренесуваат британски медиуми. Тој ова го изјавил во вторникот на донаторска вечера, каде размислувал за пукањето во 2017 каде повеќе луѓе биле застрелани, вклучувајќи го и републиканскиот конгресмен Стив Скалис. Додека ги опишувал повредите на Скалис, претседателот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 12:21
•
Posted by: MK News
Фризерот на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е пронајден мртов во една соба во хотел во Цирих (Швајцарија), објавија португалските и шпанските медиуми. Рикардо Маркес Фереира (40) е пронајден на креветот во локва крв, а сè упатува на тоа дека е брутално избоден со нож. Безживотното тело било пронајдено од една слугинка на хотелот. Фризерот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 11:29
•
Posted by: MK News
Саирс Кенеди Хил (22), внуката на поранешниот американски сенатор Роберт Ф. Кенеди, беше пронајдена мртва во август во семејната куќа во Кејп Код, а во петокот беше објавена нејзината посмртница во која како причина за смртта е наведено „случајно предозирање“, пишува Си-ен-ен. Токсиколошкиот тест покажал дека Саирс користела метадон, етанол и повеќе видови лекови што […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 10:58
•
Posted by: MK News
Пентагон синоќа ги објави првите снимки од нападот на американските специјалци минатиот викенд на засолништето на првиот човек на Исламската држава, Абу Бакр Ал Багдади. Декласифицираната, црно-бела снимка направена од воздух, открива како американските специјалци се приближуваат кон засолништето на Багдади и авионите кои што напаѓаат милитантите во близина. Најдраматичното видео покажува огромен, црн чад […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 10:49
•
Posted by: MK News
Претседателот на Франција, Емануел Макрон во интервјуто за конзервативниот неделник „Валерс Актуел“ објавено денеска, ја објаснува неговата миграциска. По дебатата за имиграцијата организирана во Парламентот на почетокот на месецот, во долгото интервју на дванаесет страници за неделникот, Макрон ги наведува мерките што планира да ги преземе за справување со мигрантите. – Мојата цел е да […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2019 10:27
•
Posted by: MK News
Дејвид Агус е најпознатиот и најценет лекар во Холивуд. Славата ја стекнал лекувајќи го Стив Џобс, кој со помош на неговите совети живеел седум години „повеќе“ иако имал редок и тежок облик на рак на панкреасот. Тој во едно интервју зборувал за советите кои му ги давал на Џобс, но дал и совети кои помагаат […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2019 14:45
•
Posted by: MK News
Министерот за земјоделие на Германија, Петер Алтмајер паднал од бината на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд, после што бил хоспитализиран. Тој после излегувањето на сцената паднал на лице откако ги промашил скалите. После падот останал кратко без свест. Организаторите, после оваа незгода ја испразниле салата во која се одржувала манифестацијата, а лекарите го прегледале министерот и […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2019 21:05
•
Posted by: MK News
Американскиот кантри пејач и композитор Нед ЛеДукс ги проживува најтешките моменти, откако неговата двегодишна ќерка Хевн трагично починала. Имено, девојчето се задушило во семејниот дом во северен Канзас. Нед и неговата сопруга Морган ја објавиле тажната вест на социјалните мрежи. -Нед и Морган со голема тага ги информираат пријателите и обожавателите дека нивната двегодишна ќерка […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2019 15:08
•
Posted by: MK News
Швајцарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против две лица, од кои едниот државјанин на Швајцарија и Македонија, под сомнеж за регрутирање борци во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД). Јавното обвинителство на Швајцарија соопшти дека двајцата осомничени се товарат за „поддршка и членство“ во ИД, вклучително и за ширење на пропаганда на џихадистичката група. Осомничените, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2019 14:24
•
Posted by: MK News
Лидерот на Исламската држава Абу Бакир ал-Багдади беше убиен викендов, а покрај него усмртени биле и две жени кои носеле елеци со експлозив, но кои не експлодирале, како и три деца. Овие терористи долго биле барани, а американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека воената операција во која бил убиен лидерот на ИД е позначајна од […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2019 10:34
•
Posted by: MK News
Американската полиција од феникс објави видео како од акционен филм , во кое жена во автомобил намерно се забива во џип во движење , за да ги спаси пешаците меѓу кои и бебе во количка. Како што може да се види на видеото, на крстосницата е запалено црвено светло , а двајца пешаци ја преминуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2019 09:45
•
Posted by: MK News
Во заедничкиот напад на Курдите и на американските сили на северот на Сирија е убиен и вториот човек на Исламската држава, Сириските демократски сили (СДФ), во кои главен дел се од курдската ППГ, објавија дека ја таргетирале целта во близина на сирискиот пограничен град Џараблус, според разузнавачките информации обезбедени од СДФ и американската војска. Главниот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 21:51
•
Posted by: MK News
Виетнамката Тра Мај (26) можеби е една од 39-те жртви пронајдени во приколката-ладилник на индустрискиот имот во Есекс, Англија. Како можна жртва, нејзе ја наведе член на една организација за заштита на човекови права од Ханој, објави британски „Гардијан“. Таа на своето семејство испратила пораки во кои напишала: „Мамо и тато, многу ми е жал. […]
______________________________________________________________________________________________________