Archive | Свет RSS feed for this section

Пронашол чуден предмет на плажа – сега е побогат за 320.000 евра

Тајландскиот рибар Јурмус Тиачот (55) шетал по плажа во неговата земја, кога здогледал нешто чудно, предмет тежок околу шест килограми. Бил уверен дека станува збор за повраќаница од кит која во одредени делови од светот има многу висока цена. Бидејќи Тиачот заработува околу 11 евра дневно, дополнителната заработувачка му одговарала, па започнал да се распрашува […]

______________________________________________________________________________________________________

Франција забранува електрични тротинети на пешачките патеки и на патиштата

Франција денеска законски го ограничи движењето на електричните тротинети и слични превозни средства. Со закон од денеска во Франција е забрането да се возат тротинети по пешачки патеки и зони или по автопати и селски патишта. Денешната одлука ги дефинира како „лични моторизирани мобилни уреди“ и ја ограничува брзината со која можат да се движат […]

______________________________________________________________________________________________________

Добила отказ поради видео со 11,2 милиони прегледи само на Твитер (ВИДЕО)

Вработената во синџирот ресторани Panera Bread доби отказ откако објави видео на каков начин се подготвуваат макарони со сирење. Спотот, кој се појави на „ТикТок“ под наслов „Откривајќи ја Панера“, покажува неколку чекори во подготовката на макарони и сирење од еден од популарните американски ресторани за брза храна. Apparently, this is how Panera Bread prepares […]

______________________________________________________________________________________________________

Наместо членство, Франција нуди предлог за партнерство

Наместо полноправно членство во ЕУ – специјално балканско партнерство за Западен Балкан . Францускиот претседател Макрон започнал консултации со дел од балканските земји да прифатат опција за привилигирано партнерство, пренесуваат дел од српските медиуми. Иако Франција кажа категорично „Не“ за преговори, со новата понуда земјите би добиле европски пари и пристап до развиените пазари, ама […]

______________________________________________________________________________________________________

Највисокиот играч на НБА добил мозочен удар додека ги миел рацете

Највисокиот кошаркар на НБА , Сенегалецот Тако Фол ќе почека на својот прв настап за Бостон Селтикс , зашто добил мозочен удар додека миел раце. Фол (2.26м) ја удрил главата од таванот на бањата во центарот за обука во Бостон, Масачусетс, а два дена подоцна се разболел, па не играше на првиот натпревар од сезоната […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕПП: Одлуката за блокада на преговорите е стратешка грешка

Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка, објави денеска пратеничката група Европската народна партија (ЕПП) во Европскиор Парламент. – Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка. Ја истакнуваме улогата и одговорноста што ја има Емануел Макрон во врска со одбивањето и негативните последици […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите 39 жртви во камионот се Кинези

Сите 39 лица кои се пронајдени во приколка на камион-ладилник во југоисточна Англија се кинески државјани, јави Би Би Си, повикувајќи се на свои извори. Телата се пронајдени вчера, во приколка на камион-ладилник во индустриската зона во местото Грејс, на околу 40 километри источно од Лондон, од кои 31 маж и осум жени. Британската полиција […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали од истрагата за камионот во кој беа пронајдени 39 човечки тела во Англија

Во ладилник и без воздух, 39 мигранти немале шанси да преживеат. Тие не можеле да се спасат и никој не можел да ги слушне нивните повици за помош, пишуваат медиумите за случајот што беше обелоденет вчера, кога во приколката на товарното возило во Есекс, Англија, беа пронајдени 39 безживотни тела. „Дејли меил“ пишува дека 38 […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е ирскиот возач кој превезувал 39 жртви на минус 25 степени (ВИДЕО)

Во контејнерот на бугарскиот камион температурата изнесувала минус 25 степени, така што британските истражители сметаат дека 39- те мажи, меѓу кои и тинејџерот, можеби загинале од премрзнување. Возилото било пронајдено непосредно пред 1.40 часот по полноќ во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс, соопшти полицијата. Полицијата од Есекс соопшти дека приколката е преместена на сигурна локација […]

______________________________________________________________________________________________________

Курд се самозапали пред УНХЦР во Женева

Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според швајцарските медиуми мажот кој се самозапали пред Канцеларијата на УНХЦР е Курд кој живее во Германија. Тој преживеа и е хоспитализиран. – Со оглед на неговата состојба, не е возможно да го дознаеме мотивот, но можеме […]

______________________________________________________________________________________________________

Борисов: Камионот со 39 беживотни тела не бил во Бугарија од 2017

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во нашата земја од регистрацијата во 2017 година, изјави денеска бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Тој истакна дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата, пренесе агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава за бугарската приватна телевизија БТВ. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ајкула нападна Французинка пред нејзиното шестгодишно дете

Французинка остана без двете раце и едната града во напад на ајкула во едно од најатрактивните летувалишта на светот , во близина на полинезискиот остров Мооре. Додека 35- годишната Французинка пливала во близина на брегот и ги гледала китовите, била нападната од ајкула. На страшниот настан сведоци биле нејзиниот шестгодишен син и другите членови на […]

______________________________________________________________________________________________________

Во камион пронајдени безживотни тела на 39 мажи ВИДЕО

Во камион во британскиот град Есекс пронајдени се безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството. Камионот со телата, за кој е утврдено дека пристигнал од Бугарија во неделата, е откриен рано изутринава во индустрискиот парк Вотерглејд. Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Деветгодишно дете е обвинето за смрт на три деца и двајца возрасни во пожар

Деветгодишно дете е обвинето за смртта на три деца и две возрасни лица во парк за мобилни станбени единици во американската дежава Илиноис. Полот на детето обвинето за кривични дела не е откриен, како ни идентитетот на жртвите. На 6 април едногодишно дете, две двегодишни деца, 34-годишен маж и 69-годишна жена загинаа во пожар во […]

______________________________________________________________________________________________________

Вебер: На Северна Македонија и Албанија вратата им беше затворена пред нос

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно го осудија одложувањето на одлуката ЕУ да направи нови чекори во пристапниот процес на земјите од Западен Балкан. – На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза на стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност, предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во ЕП, […]

______________________________________________________________________________________________________

Документарец открива дека принцот Ендрју учествувал во оргии со малолетнички

Секојдневно се зголемува бројот на доказите против помладиот син на кралицата Елизабета II , Ендрју , кој според сведочењата на неколку жени учествувал во оргии со малолетнички организирани од осудениот педофил Џефри Епштајн. Принцот ги негира обвиненијата, но во неодамна отворените судски документи што се однесуваат на судењето на Вирџинија Робертс Џуфре против Џислаин Максвел, […]

______________________________________________________________________________________________________

Официјално крунисување на јапонскиот цар Нарухито

Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе биде крунисан, а на традиционалната церемонија ќе присуствуваат околу 2.600 луѓе и владини претставници од 170 држави. Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв […]

______________________________________________________________________________________________________

Италија ќе го враќа датумот за преговори на маса во ноември во Рим

Европските партнери се обидуваат да ја санираат штетата од блокадата во Брисел, објави Сител. Италија  најави дека во ноември на советот за општи работи ке се реактивира прашањето за  старт на преговорите за Македонија и Албанија. Во Рим е поканет и премиерот Заев. Се очекува во наредните месеци францускиот престедател Макрон да ги посети двете […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1