28/10/2017 13:29
•
Posted by: MK News
На 6 октомври 1934 година премиерот на автономната област Каталонија, Луис Компанис, објави Каталонска држава во рамки на непостоечката федерална република Шпанија. Десет часа подоцна, и по смртта на десетици луѓе, тој се предал. Кога Компанис прогласува независна држава, левите партии биле за „заеднички револуционерен штрајк“ во знак на протест против влегувањето во владата на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 21:36
•
Posted by: MK News
Никој во ЕУ нема да ја признае независноста на шпанската автономна област, која денеска е прогласена од каталонскиот парламент, изјави претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Тој истакна дека декларацијата за независност е спротивна на владеењето на законот, шпанскиот Устав и автономниот статус на Каталонија, кои се дел од правниот поредок на ЕУ.
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 21:31
•
Posted by: MK News
Шпанскиот Јавен обвинител планира да покрене обвиненија за бунт против одговорните политичари кои изгласаа независност на Каталонија, соопшти канцеларијата на Обвинителството. Обвинителот разгледува дали да се покренат обвиненија само против каталонската влада, вклучувајќи ги лидерот на автономната област Карлес Пуџдемон и вицепремиерот Уриол Жункерас, или да бидат опфатени и членови на раководството на каталонскиот парламент, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 21:30
•
Posted by: MK News
Во Каталонија се палат шпанските пасоши и се уништуваат личните карти откако парламентот во Барселона прогласи независност на областа од Шпанија, информираат шпанските медиуми. Во два каталонски града, Жирона и Сабадел, градските власти го симнаа шпанското знаме од пред зградите.
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 17:07
•
Posted by: MK News
Одлуката на каталонскиот парламент да ја прогласи шпанската автономна област за независна, не менува ништо за Европскиот унија. Таа ќе продолжи да разговара само со Шпанија, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. – За ЕУ ништо не се менува. Шпанија останува единствениот наш соговорник, напиша Туск на Твитер. Тој ја повика шпанската влада да […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 17:05
•
Posted by: MK News
Шпанскиот парламент го одобри во петок воведувањето на вонредни мерки во Каталонија, набрзо откако претходно каталонскиот парламент изгласа независност на оваа покраина на североистокот на Шпанија. Во горниот дом на шпанскиот парламент, задолжен за територијални прашања, 214 пратеници го поддржаа активирањето на членот на уставот што не беше никгаш користен во периодот на демократијата, воведена […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 17:03
•
Posted by: MK News
Шпанскиот сенат изгласа да ѝ се укине автономијата на Каталонија и да се воведе директна власт од шпанската влада, откако каталонскиот парламент денеска прогласи независност од Шпанија. Сенатот на Шпанија му даде дозвола на премиерот Маријано Рахој досега невидена моќ да воведе директна власт во Каталонија, неколку минути откако попладнево регионалниот парламент изгласа воспоставување независна […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 17:01
•
Posted by: MK News
Каталонскиот парламент прогласи независност на регионот од Шпанија. Пред зградата на Парламентот голем број приврзаници на независноста слават поради одлуката на народните избраници.Каталонскиот парламент денеска се изјасни во прилог на независност на провинција, а само неколку минути подоцна горниот дом на шпанскиот парламент изгласа укинување на автономијата на Каталонија Претходно, со 70 гласови „За“, 10 „против“ […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 13:29
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Доналд Трамп го блокира објавувањето на повеќе стотина документи за убиството на Џон Кенеди во 1963 година, прифаќајќи го апелот од ЦИА и ФБИ тие документи да останат тајни, соопштија високи претставници во Белата куќа. Тој наложи тие документи да бидат предмет на шестмесечна ревизија, но дозволи Националниот архив да објави други 2.800 […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 13:25
•
Posted by: MK News
Во последниот број на „Економист“, чија главна тема е стота годишнина од Октомвриската револуција, ќе излезе со рускиот претседател Владимир Путин на насловната страница. Во тој број, британскиот весник го претставува рускиот претседател, еден век после падот на царството и поставувањето на темелите за формирање на Советскиот сојуз, како цар. Седумнаесет години откако Владимир Путин […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2017 22:10
•
Posted by: MK News
Денеска се очекува да бидат објавени тајни документи за убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди. Експертите не очекуваат големи откритија. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година. Комисијата што го истражувала неговото убиство заклучи дека зад него стои поранешниот стрелец од прва класа во американската морнарица, Ли Харви Освалд, и дека дејствувал сам. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2017 22:00
•
Posted by: MK News
Медисон Кое (14) од Ловингстон, починала откако го користела мобилен телефон во када по што ја удрила струја. Полицијата ја објавила нејзината последна фотографија како предупредување за останатите. Всушност, Медисон пратила фотографија на другарка од нејзиниот телефон приклучен на продолжен кабел само неколку секунди пред да почине од струен удар. – Кога користите продолжен кабел […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2017 14:51
•
Posted by: MK News
Тајланд вчера го одбележа почетокот на погребната церемонија којашто ќе трае следните пет дена на кралот Бумибол Адилјаде со будистички обред на кој присуствуваа членовите на кралското семејство. Цела година Тајланд тагуваше по кралот. Кралот Бумибол Адилјаде почина во октомври минатата 2016 година, во 88-та година од животот, по што неговото тело беше положено во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2017 20:44
•
Posted by: MK News
Наоружан маж со нож нападнал и повредил руска новинарка во пределот на вратот откако насилно влегол во просториите на московската радио станица Еко. Жената е пренесена во болница, а степенот на нејзините повреди е сè уште непознат. Нејзиното име е Татјана Фелгенгауер. Татјана Фелгенгауер има 32 години и е заменик уредник во московското радио Еко, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2017 15:10
•
Posted by: MK News
Американската гимнастичарка Меккејла Мароуни на социјалните мрежи објави потресна исповед за сексуалното злоставување, кое со години го вршел лекарот на американската гимнастичка репрезентација, Лери Насар. – Ми рече дека се работи за неопходен медицински третман којшто тој го изведува преку 30 години. Тоа почна кога имав само 13 години, во еден камп за тренинг, а […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2017 15:06
•
Posted by: MK News
Лорен Варнефорд имала 18 абортуси и потрошила 90.000 евра за вештачко оплодување но успеа да се оствари во улогата на мајка во 48. година во животот и на својот сопруг Марко (55) му подари дете по 16 години борба. -Дури по 16 години лекарите открија дека тука нешто не е во ред. Дијагностицираа дека имам […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:59
•
Posted by: MK News
Сопругата на Ердоган, Емина Ердоган е во брак со него веќе 40 години а на почетокот на неговата политичка кариера таа не беше вклучена, па оддеднаш се нашла среде локален скандал. Во шестата година од владеењето на турскиот претседател, Турција, сеуште недопрената од наследство на Ататурк, не реагираше добро на стајлинг Емина Ердоган. Поточно, претставници […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2017 13:55
•
Posted by: MK News
Хрватскиот пратеник Горан Алексиќ на Фејсбук ги сподели впечатоците на Хрват кој заминал да работи во Исланд. Овој гастербајтер на Алексиќ детално му го опишал животот во оваа земја позиционирана на северот на Атлантикот. Имено, човекот се зачудил бидејќи затоа што од платата не мора да плаќа придонеси, туку добива бруто износ. Исто така, на […]
______________________________________________________________________________________________________