Иако надлежните децидно упатија порака дека менувањето на имињата на училиштата и поставувањето табли е незаконско, денеска 4 училишта во Чаир осамнаа со нови табли, со албански имиња.
„Цветан Димов“ стана „Хасан Приштина“, „Рајко Жинзифов“ „Исмаил Ќемали“, „Јане Сандански“ – „Јашар бег“, а „Никола Вапцаров“ „Имри Елези“.
Од општина Чаир изјавиле дека ќе ја преземаат одговорноста иако промената е без одобрение од Министерството за образование.
државниот просветен инспекторат веќе излегле на терен ја утврдуваат состојбата, јави Канал 5.
Прекрстување и поставување табли со нови имиња во Чаир е незаконски и доколку го сторат тоа ќе мора да интервенира полицијата, изјави вечра директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански.
Ако училиштата во Чаир сами си стават албански имиња – полиција ќе им ги симне таблите