Радослав Даниловиќ кој на почетокот на 20 век преминал во ислам и го сменил името во Јусуф е прадедо на премиерот на Косово Хашим Тачи, пишува српски Курир.
Со наслов Тачи има српска крв ова тврдење Курир го пренесува од блогер на сајтот Balkanoid, кој во својот блог изнесува докази. Постирани се писма испратени наводно од митровачкиот Оџа, турчинот Муле Ибрахим до муфтија во Скопје. Во писмата се наведува дека православен поп ја примил вистинската вера ислам и дека името на попот е Радослав Даниловиќ.
„ Го прими името Јусуф, а инаку важи за многу угледен човек меѓу своите каури. Многумина во неговата парохија тргнаа по неговите чекори и ја примија правата вера. Сепак јас не смеам да му верувам зошто каурин е каурин, го држам на дистанца,, стои во писмото на Оџата Муле Ибрахим до муфтија во Скопје.
Ова писмо во оргинална верзија се чува во историскиот архив на Турција во Анкара, тврди блогерот кој ги набројува и останатите докази дека прадедото на Тачи бил српски поп.
Вториот документ се чува во библиотеката на манастирот Хиландар, а датира од 1898 година од манастирот Соколица. Тоа е наводно список на свештеници, а како српски парох стои името на попот Радослав Даниловиќ за кого пишува дека бил еден од најревносните и најдобрите свештеници. Блогерот истакнува дека 14 години по правењето на овој список истиот тој поп Радослав ја примил исламската вера.
,, Кога го примил исламот, поп Радослав, сега со име Јусуф Тачи покрај жената ,, попадијка,, со која претходно живеел, се оженил и со арнутката од околината на Чичевица. Таа умира при раѓањето на нивното прво дете. Дури со втората арнауткиња која била од околината на Глоговци добива дете – односно се раѓа дедото на Хашим Тачи и уште 4 деца. Иако како муслиман не добил своја верска упрва над населението, сепак успеал повеќето луѓе од својата парохија да ги преобрати во ислам. Се надевал дека ако преобрати повеќе луѓе ќе стане Оџа и ќе добие верска управа во Србица. Сепак до крајот на животот во 1929 во тоа не успеал,, пишува блогерот, пренесува српски Курир.
Блогерот открил дека православна слава на семејствтото на попот Даниловиќ била Митровден и тврди дека Тачи многу добро знае за своето потекло, но го крие поради политички причини.
,, на Митровден, свесен дека тоа му е слава Тачи не работи ништо. Ни не доаѓа на работа,, тврди блогерот и додава дека за време на војната во главниот штаб на УЧК во селото Брего Хоџес, изнервиран од неуспехот на неговите команданти токму и тоа и јавно пред сите го посочил, дека на митровден не работи.
Во емисија на локалната телевизија во Пеќ во 2005 година се појвија и сведоци кој јавно говореле за српското потекло на премиерот на Косово.
,, еден сведок е исмеан. Сите присутни фрлаа дрва и камења по него, а водителката пак јавно го прашала дали се дрогира или е пијан. После сите закани за него и неговото семејство сведокот побегнал од Косово и побарал и добил азил во Бразил. Сега живее во Сао Паоло,, тврди блогерот во својот текст, кој го пренесува српски курир.