Вчеравечер околу 20,00 часот во Детската клиника во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во една потпокривна просторија, Н.К.(22) од с. Петровец, скопско ја убил Д.З.(31) од истото село.
Имено, околу 18,00 часот по претходен договор помеѓу двајцата да се сретнат во покривната просторија на Детската клиника помеѓу нив настанала вербална расправија и во еден момент осомничениот физички ја нападнал Д.З. и со употреба на физичка сила ја задавил. Честите посети на својата пријателка, не биле причина за сомнеж дека овој пат Кузмановски ќе посегне по животот на 31 годишната жена, па така без проблем и влегол во клиниката синоќа.
Истрагата покажала дека двајцата договориле средба еден час пред да заврши дежурството на медицинската сестра. Започнале расправија, а караницата Кузмановски ја завршил давејќи ја својата пријателка со голи раце.
-Ја задавил во затворениот дел од покривот, па беживотното тело го извадил на отворено на покривот, по што седнал на работ и сакал да се самоубие. Во полициска станица случајот е пријаен од обезбедувањето на Клиниката на 192.
Истиот бил забележан од пациент, кој пријавил на болничкото обезбедување од каде е пријавено и во МВР, на местото на настанот е излезено од страна на припадници на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа” и Единицата за специјални задачи Им дозволил на лекарите да го земат нејзиното тело и да го однесат на реанимација. го пренеле безживотното тело на Одделението за интензивна нега каде што и покрај напорите, медицинската екипа не успеала да ја реанимира Д.З..
Околу 22,35 часот осомничениот е симнат од покривот и приведен. Во текот на денешниот ден против истиот ќе биде поденсена кривична пријава за убиство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.
Триесет и двегодишната медицинска сестра која беше убиена имала малолетно дете.
Жената убиена на Детска клиника била бремена
Последните иформации велат дека медицинската сестра не била фрлена од покривот, туку од таму во бесознание ја симнала лекарска екипа и ја однела на реанимација во одделението за интенивна нега на Детската Клиника.
Таму лекарите два часа се обидувале да ја реанимираат, но не успеале да и го спасат животот.
Осомничен за убиство на 32 годишната девојка од Петровец е 22 годишниот Никола Кузмановски од истото скопско село, кој откако увидел што направил, се заканил дека ќе се самоубие.
Помагајте ми го фрли бебето низ прозор – ова е таткото убиец (ФОТО)
Не паднала по скали – ја претепале до смрт – ДЕЦА БИЛЕ СВЕДОЦИ НА УБИСТВО НА ДЕТЕ
„Нема да те убијам, но ќе преминеш во ислам“ – новинарка се спасила бидејќи е жена
Нешто „смрди“ – кој терорист носи и заборава лична карта? И не е само тоа сомнително!!