Девојче во Бугарија искрварило до смрт за време на месечниот циклус


15 годишно девојче од ромска националност во Бугарија искрвари до смрт Поради обилно крварење во текот на месечниот циклус кое траело цели 12 дена. Починало во болница.

За несреќниот случај формирана е 4 члена комисија која ќе ги истражува причините што ја предизвикале смртта. Тие се сомневаат дека искрварувањето е последица на незнаење или неисполнување на обврските, соопшти портпаролот на великотрновскато обвинитество Румјана Ирманова.
Во извештајот на лекарите по прегледот нејзините родители одбиле таа да добие содветно лекување во болница затоа што била девица и ја вратиле дома.
Веднаш потоа состојбата на девојчето се влошила па родителите повикале итна помош. За време на транспортот лекарите започнале со трансфузија на крв но откако ја донеле во болница, родителите повторно не дозволувале да и биде извршена операција. Потоа се согласиле, но и покрај напорите на тимот, пациентката не ја преживеала операцијата.
Лекарите вината ја бараат кај родителите, кои не дозволиле пациентот на време да добие соодветна терапија за обилното крварење.
Подрачната здравствена инспекција во Велико Трново започна истрага.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1