Ќе те убиеме ако не дадеш 7000 евра – двајца скопјани уапсени за изнуда


Со закани по животот на семејството во намера да се стекнат со противправна имотна корист скопјаните Џ.И. (46) и У.А (35) вршеле изнуда врз 38 годишниот Ф.М. исто така од Скопје за што се здобија со соодветна кривична пријава.
СВР Скопје до Основниот Јавен Обвинител, поднесе кривична пријава против двајцата осомничени поради основано сомневање дека сториле кривично дело “изнуда“.

Заканите ги вршеле  телефонски, преку испратени СМС и лично. На оштетениот му се заканувале и од него барале 7.000 евра  за да му ги обезбедат предметите и документите што му биле украдени на 27.06.2012 година од сопственото возило за што оштетениот имал пријавено во ПС Карпош. Исто така му се заканувале и дека доколку не им ги исплати паричните средства ќе има сериозни проблеми по неговиот и животите  на неговото блиско семејство.

На 09 овој месец првопријавениот телефонски договорил со оштетениот да се најдат во слаткарницата Палма на бул ”Партизански Одреди “ бб, околу 16.00 часот каде заедно со второпријавениот го присилиле да им даде дел од паричните средства  во висина од 2.000 евра. При остварената средба од страна на Џ.И. оштетениот бил известен дека сега пријавениот наводно ги пронашол сторителите на кражбата на неговот пмв и за тоа оштетениот треба да исплати уште 2.000 евра, а доколку сака да ги добие украдените предмети и документи ќе треба да доплати уште 5.000 евра или вкупно 7.000 евра.

Оштетениот  им исплатил на двајцата   2.000 евра, кои претходно биле крим-технички обработени и фотографирани, при што парите ги дал на првопријавениот. Првопријавениот ги земал паричните средства и заедно со второпријавениот се упатиле кон своето возило при што од страна на полициски службеници од СВР Скопје двајцата се уапсени и приведени а при претресот кај Џ.И. се пронајдени 2.000 евра кои со потврда се одземени.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1