Девојчиња со ,,клемпави,, уши добиваат бесплатна пластична операција во САД (Видео)


14 годишната Надја имала впечатливо поголеми уши кои и го претвориле животот во вистински пекол. Ја задевале уште во основно училиште. Пред да оди на училиште била весела и многу комуникативна, но после задевањето повеќе од 7 години била повлечена, со никого не разговарала и била во депресија.

Во прво одделение и пришло девојче и и рекло ,, боже ова се најголемите уши што сум ги видела,, Надја не одговорила но откогаш се повеќе и пречеле ушите и се повеќе ја задевале децата. Ја нарекувале Дамбо, слоновски уши и уште многу погрдни имиња.

Сето тоа ја натерало уште на 10 години да ја праша мајка и дали може да направи пластична операција. Но во Америка оваа операција чини многу, а родителите на Надја се скромни луѓе.

Кога видела дека нејзината ќерка пати и се повлекува во себе, мајкаи на интерент се обидела да најде помош. Ја нашла невладината организација ,, baby face,, оганизација која на тинејџерите со сличен проблем им помага да ја вратат самодовербата и им плаќа пластична операција.

Тие и обезбедиле на Надја и на нејзината мајка авионски карти од Џорџија до Њујорк, сместување и болничко лекување. Надја освен операција на ушите добила и операција на брадата и на носот. Сето тоа би ја чинело 40 000 долари, но благодарение на невладината организација Надја сето тоа го доби бесплатно.

По 4 часа операција и неколку дена во завои Надја си го виде лицето – ова е нејзината реакција

,, Сега сум убава, вака навистина си го замислував,,

Надја вели сега и се вратила самодовербата, посигурна е и поубаво се чуствува во своето тело.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1