Мажите често се морнари или работат во нафтената индустрија, а жените имаат тенденција да доаѓаат со нивните сопрузи. Ако дојдат сами, повеќето се вработени како стјуардеси во авиокомпанијата Емирати.
Дубаи, вториот по големина град на Обединетите Арапски Емирати, местото е неверојатен контраст, град кој може да се пофали и со највисоката зграда, но, исто така, е и најголемaта шопинг дестинација. Дубаи е дом на повеќе од два милиони луѓе.
Иселениците дојдени на печалба обично остануваат во градот неколку години, понекогаш децении, или – остануваат засекогаш.
Мажите често се морнари или работат во нафтената индустрија, а жените имаат тенденција да доаѓаат со нивните сопрузи. Ако дојдат сами, повеќето се вработени како стјуардеси во авиокомпанијата Емирати.
Еве што за животот во Дубаи велат иселеници за хрватските медиуми.
Младен Николиќ дипломирал поморски бизнис и менаџмент, и во Дубаи за прв пат се преселил во 2004, живее во еднособен стан на 28 кат во близина на центарот на Бурџ Калифа, во соседството му е највисоката зграда во светот.
Рента за еднособен стан, вели тој, е од 65.000 до 80.000 дирами, или 13 до 16.000 евра годишно. Просечната плата е 4-6.000, или до 3000 ако работодавачот го плаќа станот. Се разбира, многу заработуваат и повеќе има плати и по 10.000 евра.
“Неспоредливо,, вака Младен ја опишува паралелата со животот на Балканот. Секој ден после работа и за време на викендите се оди до морето, на пијалок, нуркање, планинарење, игра голф … има многу избор, и сè е зачинето со голема доза на луксуз, а пари се има – од плата стигнува за се. Сепак, не е се розово. Постојат проблеми со кои тие се соочуваат, особено оние кои доаѓаат со нереални очекувања.
Не сите работни места се подеднакво барани
“Јас добивам најмалку 20 биографии од Хрвати секој ден, за Балканот да не ви зборувам, но тука не тече мед и млеко. Некој треба да ви даде можност да ви ја отвори вратата. За почеток плата е 800 $, ако сте добар ќе дојдете до 4 -5.000, вели Николиќ.
Навигација и инженери се бараат најмногу, а адвокатите и сметководителите тешко да добијат работа, за чудо не се барани ни ИТ професионалци, ги има многу. “Бидејќи, да речеме, индиски доселеник за 500 € ќе ја направи истата работа како човек од Запад кој очекуваат две или три илјади евра плата за истата работа”, објаснува тој.
“Животот е премногу едноставен”
на Балканот од плата имате само да купите храна и платите сметки, во Дубаи, тоа не е случај, основните прехранбени производи се многу поевтини. Со нормална плата можете да си најмите личен возач, градинар, куќна помошничка, и тука луѓето се навикнати на тоа – тоа не е луксуз туку секојдневна потреба. Кога ќе дојдеш дома од работа, нема потреба да чистиш, переш, пеглаш – имаш платено некого за тоа, а тебе ти останува време да се забавуваш.
Семејството Миливој и Барбара Карин, кој пристигна во Дубаи пред осум години, велат тоа е сега за нив нормално. Таа работи во Дубаи во клиника, а тој во регионалниот центар на Nokia Siemens Networks.
единствено што е скапо, велат тие е училиштето. Чини од 10.000 до 15.000 евра годишно, исто така скапо е и здравственото осигурување, иако обично тоа е вклучено во пакетот на компанијата каде работите.
Советуваат да не се оди во Дубаи на слепо. Првиот чекор е најдете работа, па после преселба. Сите големи компании имаат пракса на регрутирање вработени преку интернет. На сајтови каде може да се испрати биографија. Ако работодавачот е заинтересиран, ќе мора да дојдете до градот на најмалку 2-3 месеци, да ве видат и набљудуваат пред да ве вработат. Најдобро минуваат оние кои се специјализирани во нешто, а и оние кои доаѓаат со препорака.
Балканците си помагаат меѓусебе и ако компанијата каде работат има потреба од нови вработувања тие секогаш се обидуваат да препорачаат кандидат од Балканот. Не има многу овде, и одлично живееме, велат балканците во Дубаи.