Еци пеци пец – Која е советничката која му го ,,здипли,, Iphone-от на колегата од СДСМ – Фото


случајот со кражбата на телефонот среде седница во Центар е  заведен полицијата. Според официјалните информации попладнето во тек на седницата без својот iphone останал советникот Дејан Тодоровски (37).
но ниту МВР ниту пак Тодоровски, не откриваат која е советничката кај која бил пронајден телефонот. Се знае дека се од иста партија СДСМ, според пишувањата на нет прес била млада и  го признала делото.

На социјалните мрежи започна еци пеци пец надавање и погодување – која е советнилката која сакала да се стори со телефон. Оваа фотографија е од сите советнички на СДСМ во општина Центар – па погодувајте и вие.

Инаку според информациите на нет прес вчера беше објавено дека на среде седница во општина центар, советник СДСМ останал без својот мобилен телефон. За шокот да биде поголем го нашол подоцна – крадецот била негова колешка и сопартијка.

Советникот на кратко ја напуштил седницата за да оди во тоалет, а мобилниот Ајфон вреден околу 400 евра го оставил на масата во салата на Советот. Кога се вратил телефонот го немало, а тој ја прекинал седницата за да го најде.

Друг колега видел дека младата колешка се врткала околу неговото столче и ја посочил. Таа излегла од салата, а ограбениот тргнал по неа. Ја стасал и си го нашол телефонот. Но повикал и полицијата – советничката ја признала кражбата.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1