Македонија се крена на нозе – хуманоста уште еднаш се покажа на дело. Во домот на Марина пристигнал мебел, храна и друга помош јавува телевизија Телма.
Од Министерството за образование и наука пак пристигнува веста дека тие ќе и доделат бесплатни книги за биохемија, а Деканатот на Биотехничкиот факултет – Битола до крајот на студиите ќе ја ослоби од плаќање школарина студентката Марина Подигачоска од прилепското село Долгаец.
Ректорот на Битолскиот универзитет Златко Жоглев ќе и додели и еднократна помош во износ од една просечна плата.
Вчера и Македонски железници објави дека и оделува бесплатeн годишен билет на храбрата Марина.