Невремето го попречи пробниот скок вчера, кој беше дел од подготовката за постигнување на нов рекор од 36,5 километри на австриецот Феликс заедно со тимот на Ред Бул. Нов обид е закажан за вторник.
Австриецот Феликс Баумгартнер треба со помош на падобран и посебна капсула да се искачи на 27,4 километри над земјината површина и да направи пробен скок. Од оваа висина треба да скокне од капсула кон Росвел, и ако се се одвива според планот треба да постигне брзина од 819 километри на час.
Овој скок е проба и загревање за скокот со кој во август ќе се обиде да го сруши рекордот, и ќе скока од 36,5 километри, кој се уште го држи американскиот војник Џо Китингер кој пред 52 години скокна од висина од 31 000 метри.
Баумгартнер и луѓето од Ред Бул со проектот Стратус се надеваат дека ќе успеат да го пробијат звучниот ѕид што до сега на никого не му успеало.
За оваа цел проектирано е и посебно одело кое ќе го штити од температура пониска од -70 степени целзиусови.