Голема количина на риби пронајдени мртви во во водите на Велика Река (Треска).
Според Кичево.мк кој ги објави фотографиите се работи за речна пастрмка Salmo Macedonicus, а според процените настрадале над 5 тони риба. Поголем дел од угинатите единки биле и спремни за мрест.
Причина за поморот е загадувањето како последица на испуштање на големи количини фекални води во речното корито. Фотографиите се направени кај месноста Бучал во село Староец. Мртви риби се забележани во Бигор Доленци, Лисичани и Челопеци, но претпоставка е дека загадениот појас е многу поголем.
Речната пастрмка Salmo Macedonicus е автохтон вид кој живее само во нашите реки.