Фудбалерот Рејвел Морисон ги напушти подготовките во Германија, бидејќи ќе му вадат 7 заба.
И спортистите не се тоа што беа, во здраво тело здрав дух се повеќе паѓа во вода. Фудбалерот Рејвел Морисон ги напушти подготовките во Германија, бидејќи ќе му вадат 7 заба.
Кога отишол на лекар поради навидум обична забоболка стоматолозите му препорачале итно вадење на речиси една третина од забите, поради катастрофалната состојба во усната празнина.
Поради ова извесно време ќе мора да носи заштита, а потоа ќе му бидат вградени импланти кои ќе го чинат 28.000 фунти. Вообичаено стоматолозите се обидуваат да ги излечат природните заби, но 19 годишното момче дотолку ги упропастило што едноставно им нема спас. Морисон е талентиран фудбалер но истовремено познат по проблематичното и незрело однесување.