Гледајте во живо – Скок од вселената – од минута во минута (Видео)


ОБНОВЕНО  од минута во минута – ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО – ВИДЕОТО ПОДОЛУ !

19.01 – Уште 10 километри до целта, уште 10 километри до скокот.

19:03 – се појави проблем во визорот на опремата на Феликс. Тој и претходно пријави дека му се магли кога зборува.

18:47 – Капсулата е на висина на која Феликс го скокна првиот пробен скок во март

18:33 – по еден час капсулата мина 19 километри што е граница позната како границата на Армстронг – телесните течности без притисок во оделото или во капсулата би експлодирале. Границата го носи името по професорот Хари Џорџ Армстронг.

18.25 – на Феликс не му работи греењето – вели свети црвеното светло но тој не ја чуствува топлината

18. 23 – мина 18.000 метри, скокот ќе се изведе од 36.576 метри.

18.20 – за неколку минути Феликс ќе скокне од капсулата – Помеѓу многуте опасности за Феликс е и можноста да се искине неговото специјално одело откако ќе скокне од капсулата, што би го изложило на температура од минус 70 степени и ќе предизвика создавање на потенцијално смртоносни меури во неговите телесни течности, познато како „крв која врие”.

18.10 – спектакуларниот скок ќе го фотографираат 3 фотографи од кои едниот е србин. BBC снима и посебен документарец за скокот на Феликс.

18.00 h Феликс е блиску до својата дестинација – временските услови одлични – ќе успее ли Феликс да влезе во историјата ???? ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО – ВИДЕОТО ПОДОЛУ !

Трет обид на Феликс да го изведе ,,скокот од вселената,, откако претходните два беа откажани поради временските услови – нов обид денес. целата подготовка е веќе започната, Феликс е пристигнат веќе неколку часа во базата. околу  во 14 часот ќе започне процедурата, а се очекува Феликс да полета отприлика околу 15 часот.

Ред Бул Стратос или мисијата која е насловена како ,,Скок од вселената,, ќе се обиде да ги надмине човечките граници кои постојат повеќе од 50 години.

Поддржан од страна на тим од експерти, Феликс Баумгартнер ќе биде подигнат со хелиумски балон до стратосферата на височина од 36,576 метри од површината на Земјата.

Сместен во капсула од која ќе се обиде да изврши слободен пад во обид да стане првиот човек да се пробие брзината на звукот во Слободен пад (околу 690 милји / 1110 километри на час).

Скокот ќе се пренесува во живо на youtube = можете да го гледате во живо и преку видеото подолу.

Освен собарување на рекродот во слободен пад, со овој проект ќе се дојде до важни информации кои на научниците ќе им помогнат да ја подобрат сигурноста во вселенските патувања и ќе овозможи евакуација од леталото на големи висини.

Помеѓу многуте опасности за Феликс е и можноста да се искине неговото специјално одело откако ќе скокне од капсулата, што би го изложило на температура од минус 70 степени и ќе предизвика создавање на потенцијално смртоносни меури во неговите телесни течности, познато како „крв која врие”.

Ќе успее ли Феликс да ги надмине границите на човекот?

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1