Го киднапирале зошто личи на „Садам“ за да снимаат порнич


Еѓипјанин кој личел на Садам Хусеин доживеа бизарен инцидент. Мохамед Бишр од Александрија со години доживува непријатности заради неговиот речиси идентичен изглед, кој потсетува на поранешниот ирачки диктатор.

Поради големиот притисок од јавноста, истиот бил приморан да се преселува четири пати. Последниот инцидент се случи пред неколку дена додека влегол во кафана во Александрија. Го нападнале четири машки лица и го внесле во комбе.

„Мислев дека ќе ме тепаат или ограбат, но тие ми рекоа дека ќе ми понудат илјада долари да снимам порно филм. Се шокирав, а потоа ми објаснија дека сакаат во филмот да го глумам Садам Хусеин и дека тој филм ќе се продава низ светските медиуми како порничот на Садам“, изјавил Бишр.
Тој ги одбил киднаперите, а откако го удриле неколку пати и го исфрлиле од комбето, му се заканувале со пиштол дека доколку прозборе за нападот на кој било има да го убијат.
Тој сепак ја раскажал случката за египтеските медиуми, велејќи дека му е преку глава да го малтретираат само поради тоа што личел на покојниот диктатор.
„Не сум јас виновен што изгледам како него. Би сакал луѓето да ме остават на мира, ме малтретираат и тоа подолг период, а сега лудилото достигна нова граница“, изјавил Бишр.
Неговиот син Махмуд изјавил дека се обратиле до полицијата за да побараат посебна заштита за Мохамед, но од тоа засега нема ништо.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1