Го заразила со сида – Ме уби! Затоа и јас ја убив!


Му признала дека е ХИВ позитивна, предоцна, штетата веќе била направена, 36 годишниот Лари Дан од Далас веќе бил интимен со неа. Тоа страшно го налутило и во знак на револт ја убил.

Полицијата вели обвинетиот го признава злосторството, им рекол на детективите „Таа ме уби мене, затоа и јас ја убив неа“. Безживотното тело на 28 годишната Болден го пронашле нејзините деца (7 и 8) откако се вратиле од училиште. Нивната мајка лежела гола со две убодни рани во вратот кои Дан и ги нанесол поради задоцнето информирање.

Па и не е толку сериозно, искоментирала Болден, откако му ја соопштила веста на Дан, со кој комуницирала од неодамна. Единственото нешто на кое се сетил 36 годишниот Дан, е да отиде во кујната по нож. Соседот кој го пријавил убиството, вели Болден не заслужила да замине на овој начин, ниту пак нејзините деца да ја видат грозоморната слика. Таа беше добра мајка, вели соседот Арнет, не можам да замислам моите деца да ме видат мене во таква состојба.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1