“Говорете албански“ порача Зијадин Села на Струшките вечери на поезијата


„Бидете смирени и почитувајте не,  зборувајте албански“ е испишано на билбордите кои ги постави Општина Струга на неколку локации во градот. Оваа порака на која потпишан и градоначалникот Зијадин Села е напишана на англиски јазик и е наменета за организаторите и гостите на Струшките вечери на поезијата.sela1

Бидете смирени и почитувајте не,  зборувајте албански“ е испишано на билбордите кои ги постави Општина Струга на неколку локации во градот. Оваа порака на која потпишан и градоначалникот Зијадин Села е напишана на англиски јазик и е наменета за организаторите и гостите на Струшките вечери на поезијата.

Освен пораката на билбордите е испишана статистика за бројот на жители во Струга по последниот потпис од 2002 година и со задебелени букви и бројки е испишан бројот на албанци кои живеат во оваа општина.

sela2

Билбордите со порака следуваат по најавата дека Струшката локална самоуправа годинава ќе ја бојкотира оваа манифестација и дека ниту еден претставник од општината нема да присуствува на свеченото отварање, кое е закажано за вечерва.

Одговорните за односи со јавност во општина Струга не информираа дека градоначалникот Зијадин Села е на годишен одмор и моментално не во Струга, така што не можевме да обезбедиме негов став околу тоа која е целта на поставените билборди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1