Околу 200.000 вработени ќе добијат намалени плати за месец јули, како дел од мерките за штедење на грчката влада.
Помали плати овој пат има за полицајците, судиите, лекарите и професорите во Грцијаи тоа во просек намалени за 12 отсто.. Во овој момент на гости во грција се и преставници на тројката меѓународни кредитори, кои вршат инспекција на буџетот на Грција. Од нивната одлука ќе зависи понатамошното финансирање и доделување пари од вториот спасувачки пакет од ЕУ и ММФ во износ од 130 милијарди евра. Според најновото кратење на платите Грција планира да заштеди 200 милиони евра.